Како може Деми Мур да изгледа подобро од нејзините 3 ќерки? „Ниту една девојка не сака да има ваква мајка“

Точка

17/09/2024

16:00

2.380

Големина на фонт

а а а

Деми Мур се појави со ќерките на премиерата на нејзиниот нов филм, но ниту една од нив не можеше да ја засени славната мајка

Деми Мур има 61 година и три ќерки и една внука. За време на промоцијата на нејзиниот нов филм во Лос Анџелес, друштво и правеа ќерките: Румер (36), Скаут (33) и Талула (30).


Иако девојките дадоа се од себе да се дотераат што е можно повеќе, ниту една од нив не можеше да стигне „дури до колена“ на познатата мама, која за оваа прилика облече црвен фустан во боја на расипана вишна, со совршено деколте.



Деми ја спушти долгата црна коса и го затемни тенот доволно за да и прилега црвената боја.

Нејзината средна ќерка Скаут носеше кафеав проѕирен фустан со исечоци, но сепак не успеа да се истакне покрај Деми. Румер и Талула носеа црни фустани и изгледаа целосно незабележливо покрај нивната позната мајка.


„Деми е таква мајка која ниедна ќерка не би ја посакала“, „Боже, замисли да имаш вака убава мајка и целиот живот ќе ти помине во споредба“, се само дел од коментарите на мрежите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг