[ФОТО] Втора среќа за македонската актерка: Јелена Јованова Периќ се породи во тајност

Точка

17/09/2024

12:41

2.798

Големина на фонт

а а а

Една од нашите најпознати актерки, која поради љубовта неколку години живее на загрепска адреса – заедно со нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, по втор пат станаа родители.

Актерката својата бременост ја чуваше потполно во тајност и настрана од очите на јавноста.

Познатата двојка го доби синот Јаков во јуни 2020 година, а сега нивното семејство се прошири со уште едно синче. Интересно е дека Јованова ги чуваше и двете бремености во тајност, па за многумина оваа среќна вест е вистинско изненадување.


Веста за породувањето ја соопшти нејзиниот брат на Фејсбук, кој на некој начин ја „издаде“ својата сестра.

„Нека ни е живо и здраво, станав вујко по вторпат. Честито Јелена“ – напиша тој во објавата во која доби многу честитки во коментари.


Актерката, која на македонската јавност ѝ е најпозната по улогата на Јелена во ситкомот „Преспав“, ја потврди веста на социјалните мрежи, споделувајќи честитка од нејзината пријателка на социјалните мрежи.

„Убаво момче, добредојде!“, гласи честитката.


Во интервју за „Слободен печат“, актерката проговори за тоа како таа и нејзиниот сопруг прават баланс меѓу кариерата и родителството.


„Познавајќи ја природата на нашата работа, што бара таа, работното време што не е стандардно – сигурно ќе донесеше поголем предизвик да не го делев животот со човек што е од истата бранша. Не само од аспект на родителство. Нам сè уште ни успева да се следиме еден со друг каде и да нè носи работата. Свесно го правиме тој избор. Не ми се допаѓа кога ќе слушнам како мајката го фали таткото дека ѝ помагал со децата. Нема што да помага. Погрешна е перцепцијата. Едноставно детето е и негово и обврските се еднакви. Се трудиме да бидеме рамноправни членови во секој сегмент, секој да го испочитува сопственото слободно време, но да си го дозволиме и заедничкото“, изјави таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг