„Можете ли да ме размените за Северина?“: Сергеј Трифуновиќ им се обрати на Хрватите по ослободувањето од притвор

Точка

17/09/2024

19:52

2.823

Големина на фонт

а а а

Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа околу полноќ бил приведен на граничниот премин Бајаково. По 15 часа притвор, тој е пуштен на слобода.

Претходно во текот на денот Трифуновиќ бил спроведен во Општинскиот прекршочен суд во Сплит, а потоа се огласи на социјалните мрежи.

„Можете ли да ме размените за Северина?“, напишал тој на Инстаграм и додал: „Прашувам за пријател“.


„Утврдено е дека постои основано сомнение дека мажот сторил прекршоци по членовите 5 и 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, поради што денеска е приведен во службени простории. На социјалната мрежа Инстаграм , на 10.09.2023 година, мажот објавил текст со непримерна содржина, со кој грубо ги омаловажува полицијата и полицајците, наведувајќи дека сплитските полицајци изнудиле над 1000 евра“, се вели во соопштението на сплитско-далматинската полиција.

За потсетување, пред актерот да биде ослободен од притвор се огласи и неговата сопруга. Исидора Трифуновиќ, сопругата на Сергеј Трифуновиќ, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм откако нејзиниот сопруг синоќа беше приведен на граничниот премин со Хрватска.


„Синоќа околу полноќ мојот сопруг беше приведен на граничниот премин Бајаково, по престанувањето на важењето на забраната за влез на територијата на ЕУ, без никакво објаснување, со големи непријатности на кои бев сведок. Вклучувајќи и физички напад од страна на граничната полиција. Го одведоа во непознат правец. Повеќе од 9 часа немам никакви информации за тоа каде се наоѓа, ниту која е причината за приведувањето“, напиша Исидора.



Спонзорирани линкови

Маркетинг