Вака денес изгледа жената која Сулејман ја остави бремена поради Шехерезада: Ѝ го уништил животот, таа од очај абортирала

Точка

10/09/2024

23:04

11.129

Големина на фонт

а а а

Бергузар Корел и Халит Ергенч се запознале на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, а хемијата била толку силна помеѓу нив што набрзо и двајцата ги раскинале тогашните врски - таа го оставила своето момче, а тој ја оставил бремената сопруга, кој во очај решила да абортира. Каде е денес поранешната сопруга на Халит Ергенч?

Станува збор за 14 години помладата турска актерка Гизем Сојсалди. Во текот на бракоразводната постапка, популарниот Сулејман ѝ понудил паричен надомест од 250.000 лири за што поскоро да се разделат.


„Јадев риба на плажа во Фоча со пријателка. Халит таму го снимаше филмот „Прва љубов“, беше со екипата од сетот. Келнерот нѝ пријде и нѝ рече: ‘Девојки, Халит Ергенч и Халит Аби се тука и сакаат да ве запознаат. Тие инсистираат на тоа, не можам да им кажам не’“, ја опиша Гизем во една прилика првата средба со Ергенч.

„Халит дојде и седна на нашата маса. Се разбира, бев малку нервозна. Си помислив: „Како се осмелуваш!“. Но, тој беше толку пријатен и драг. Поминавме три часа заедно и се заљубивме еден во друг“.

Во разговор за турските медиуми актерката откри дека ѝ било чудно што Халит инсистирал да се венчаат бидејќи отсекогаш се плашел од брак поради својот татко. Имено, тој се женел дури пет пати, а со сопругите имал шест деца.


Набрзо се утврди дека сомнежите биле оправдани - на љубовната идила на Гизем Сојсалди и Халит Ергенч ѝ дојде крајот кога актерот се заљуби во колешката Бергузар Корел за време на снимањето на „Илјада и една ноќ“.

„Мојот психијатар рече дека ме уништил мене за да се излечи себеси. Нешто морал да жртвува и тоа беше нашиот брак“, изјави Гизем во една прилика.


„Плачев со денови. Дојде во еден момент и рече: ‘Мојата конечна одлука е развод’“, се присетила таа и открила дека Халит не сакал дете со неа, а тоа дополнително ја поттикнало да абортира.

„Не сакав да родам дете во такво опкружување“, изјави Гизем. Таа вели дека парите никогаш не можат да ја надоместат болката што ѝ ја предизвикал Халит, а никогаш не ја интересирале деталите од врската со Бергузар и кога точно почнале да излегуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг