Доколку се соочувате со лупење на кожата, ова е можната причина за тоа: Како да го спречите лупењето на кожата преку дневни ритуали за нега на кожа

Кармин

03/09/2024

20:38

5.838

Големина на фонт

а а а

Светот на козметиката е толку разновиден, а бројот на козметички производи ги надминува сите човекови потреби, а дневните ритуали за нега на кожа треба да се сведат на основното, бидејќи во спротивно кожата може да реагира на различни начини.

Црвенеењето и лупењето на кожата на лицето често пати се последица на прекумерно третирање или игнорирање на основните потреби на епидермисот. Доколку кожата почне да се лупи, тоа е можеби последица од неколку третмани, а еве како можете да го спречите тоа.


На кожата којашто се лупи ѝ се потребни поедноставни дневни ритуали, а ќе ѝ одговараат помалку пилинзи а повеќе заштита.

Одбегнувајте остри пилинзи

Употребата на агресивни пилинзи може дополнително да ја иритира чувствителната кожа којашто се лупи. Наместо тоа се препорачува нежно отстранување на мртвите клетки од кожата, со употреба на производи коишто содржат алфа – хидрокс киселини (AHA).


„AHA“ киселините како што е гликолната киселина делуваат на тој начин што ја растворуваат врската помеѓу мртвите клетки, овозможувајќи ѝ на кожата природно и нежно да се лупи. Ова не само што помага за отстранување на мртвите клетки на кожата, туку и го поттикнува создавањето на нови клетки, така што кожата станува мазна и светла.

Заштитата на кожата од сонцето е задолжителна

Еден од најголемите непријатели на здравата кожа е изложеноста на сонце без соодветна заштита. „УВ“ зрачењето ги оштетува клетките на кожата, протеините и еластичните влакна, што може да доведе до губење на еластичноста на кожата, коешто пак честопати води кон лупење и стареење на кожата.


Поради ова клучно е да се користат креми со заштитен фактор на сите делови од телото коишто се изложени на сонце, вклучувајќи ги рацете, нозете и вратот. Ова може значително да ги намали штетните ефекти на сонцето како и да помогне во зачувување на еластичноста на кожата. Кремите со заштитен фактор се задолжителни особено доколку користите третмани со „АНА“ киселини.

Колаген

Губењето на колагенот е една од главните причини за губење на еластичноста и лупењето на кожата. Со стареењето производството на колаген природно се намалува, што може да резултира со истанчување на кожата.

Оваа загуба на колаген може да се надомести со правилна исхрана и додатоци во исхраната. Храната богата со колаген, како и хидролизираните колагенски пептиди можат значително да ја подобрат еластичноста и хидратацијата на кожата, поттикнувајќи ја нејзината природна регенерација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk