[ФОТО] Основачот на „Телеграм“ го шокирал светот со признанието дека има повеќе од 100 биолошки деца: „Сакам сите да се пронајдат“

Кармин

31/07/2024

20:02

8.855

Големина на фонт

а а а

Павел Дуров е руски претприемач и програмер, а луѓето го знаат како основачот на „Телеграм“, популарната апликација за размена на пораки и други содржини. Тој вчера на споменатата апликација открил дека има повеќе од 100 биолошки деца.

Меѓутоа, Павел никогаш не бил оженет, па детално ја објаснил ситуацијата.

„Штотуку ми кажаа дека имам над 100 биолошки деца. Како е тоа можно за човек кој никогаш не бил женет и повеќе сака да живее сам? Пред петнаесетина години, еден пријател ми се обрати со чудно барање. Ми рече дека тој и сопругата не можат да имаат деца поради проблеми со плодноста и тој ме замоли да го донирам мојот генетски материјал во клиниката за да можат да имаат бебе. Се насмеав пред да сфатам дека е „мртов сериозен“, започнал Павел.


Тој додал дека им помогнал на стотици парови во 12 земји да имаат деца.

„Шефот на клиниката ми кажа дека постои недостиг од „квалитетен донаторски материјал“ и дека моја граѓанска должност е да донирам повеќе материјал за анонимно да помогнам на повеќе парови. Ова звучеше доволно лудо за да ме натера да се пријавам за донација“, продолжил тој.

Павел нагласил дека повеќе не е донатор на генетски материјал, но дека на една клиника за ИВФ сè уште има на располагање негов замрзнат генетски материјал.


„Сега планирам да отворам свој ДНК за моите биолошки деца да можат полесно да се пронајдат едни со други. Се разбира, постојат ризици, но не жалам што сум донатор. Недостигот на здрав генетски материјал станува сè посериозен проблем ширум светот и горд сум што дадов свој удел. Исто така, сакам да помогнам да се дестигматизира целиот поим за донирање и да охрабрам повеќе здрави мажи да го сторат тоа, така што семејствата кои се борат да имаа деца би можеле да уживаат во повеќе можности. Пркосете на конвенцијата – редефинирајте ја нормата!“, заклучил тој.


Да потсетиме, пред да го лансира „Телеграм“, Дуров бил основач на социјалната мрежа ВКонтакте (VK), која е најпопуларна социјална мрежа во Русија. Тој е познат по неговото акцентирање на приватноста и слободата на говор на Интернет. Откако ја напуштил VK поради конфликти со властите, тој се посветил на развојот на „Телеграм“, кој се издвојува по својата безбедност и енкрипција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk