[ФОТО] Само Шерон Стоун може да изгледа волку добро во најкичестото издание: На 66 години има став кој ги дозволува најлудите модни егзибиции

Кармин

19/06/2024

23:20

14.715

Големина на фонт

а а а

Малку се жените, како во Холивуд, така и надвор од него, кои можат добро да ги „носат“ своите години како Шерон Стоун!

Холивудската актерка синоќа се појави на премиерата на филмот „The Bikeriders“ во Лос Анџелес и уште еднаш нѝ докажа дека со право важи за фатална жена.

Шерон Стоун пристигнала на премиерата во впечатливо, модерно издание кое дефинитивно не е за секого - потребен е жесток став и добра енергија за да се изнесе нешто вакво, особено кога веќе се наближувате до 70-та година од животот.


Имено, холивудската актерка се одлучила за луксузен костум со леопардски принт кој бил на работ на кич и малку „претеран“, а сепак толку моќен и посебен.

Иако животинскиот принт веќе стана моден класик, вообичаеното правило е да го носите со еднобојни, едноставни парчиња и никако од глава до пети. Меѓутоа, Шерон го прекршила тоа правило; не само што панталоните и сакото се од истиот комплет, туку и блузата ја красел леопардски принт.


Сепак, добриот крој, изборот на квалитетен материјал и црните детали на сакото кои ги „разбиле“ шарите на принтот, помогнале славната 66-годишна актерка да изгледа ефектно во ова, а не кичесто.

Стоун го надополнила целиот изглед со низа златно-црни нараквици и неколку ѓердани, модерни чевли во истите нијанси, со пониска и стабилна потпетица, лакирана црна чанта и големи темни очила за сонце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk