Дали доаѓа крајот на „iPhone“? „Apple“ сака ново име за најпопуларниот телефон?

Точка

27/05/2024

13:51

10.229

Големина на фонт

а а а

Време е за промени и воведување на иновации во именувањето на новите уреди на „Apple“. На ред дојде и „iPhone“.

Имињата на повеќето производи на „Apple“ почнуваат со префиксот „i“, како „iPhone“, „iPad“, „iMac“ и други уреди. Кен Сигал, главниот креативен директор за маркетинг пред 25 години, беше „кум“ на првиот производ на „Apple“ со „i“ во името – „iMac“.

Така започнала приказната за еден од најпопуларните брендови во историјата на „IT“. Овој маркетиншки гениј отворено рекол дека конечно дошло време „Apple“ да се откаже од именување на производите и користење на префиксот „i“.


Кен Сигал работел со основачот на „Apple“, Стив Џобс цели 12 години., создавајќи многу познати рекламни содржини на компанијата „Apple“. Во тоа време го убедил Џобс да го усвои името „iMac“ како име за новиот „Apple“ уред и по многу работи за тоа време револуционерен компјутер.

Неодамна Кен Сигал прифатил да има ексклузивно интервју за „Wired“ и отворено рекол дека ознаките „i“ кои ги користат во името дефинитивно треба да бидат напуштени и дека повеќе нема апсолутно никаква смисла да се користат понатаму. Додал и дека Стив Џобс го прославил „Apple“ со „i“ производите, кои отсекогаш биле препознатливи и неделиви од брендот „Apple“, но на се му доаѓа крај и на крајот на краиштата, тоа е само подбренд на многу попознатата марка.


Сега на компанијата „Apple“ и е потребно ново име за да го докаже својот технолошки напредок и да постави темел за популарност и препознатливост на своите идни производи.

Кен Сигал признал дека некои маркетиншки експерти можеби не веруваат во оваа идеја, но веќе подолго време „i“ го присвојувале и отворено го злоупотребувале премногу компании со цел именување на своите интернет производи, додека од друга страна „Apple“ не можел правно да го заштити својот бренд „i“. Тоа за „Apple“ е прилично голем проблем.


Дали доаѓа крајот за „iPhone“?

Всушност, изгледа дека „Apple“ сфатил со каков проблем се соочува. Поради тоа во 2007-ма година многу производи постепено го напуштале префиксот „i“ од своето име.

На пример, „Apple TV“ и „Apple Watch“ не ја користеле вообичаената методологија на „iTV“ или „iWatch“ како што наложувало дотогашното правило на именување на „Apple“ производите. Во последно време, гледаме се почеста пракса новите „Apple“ уреди да користат директни имиња како „Apple Vision Pro“ што појасно укажува дека станува збор за производ на компанијата „Apple“, постепено менувајќи го славното „i“ со „Apple“.


Што ќе значи тоа за можеби и најпопуларниот бренд на мобилен телефон во историјата? Дали доаѓа неизбежниот момент кој „Apple“ толку долго го одложува? Моментот кога ќе исчезни и „iPhone“ брендот и ќе биде променет во нешто друго. Да се исфрли „iPhone“ како име?

„"Apple“ својот телефон би можел да го нарече практично со кое било име, но ние и натаму ќе го купуваме“, тврди светски познатите маркетинг експерти од областа на брендингот. „Ако „Apple“ влеат дека повеќе нема да има „iPhone“ уреди, ќе почнеме да ги нарекуваме „Apple“ телефони. „Apple“ има многу голема дистрибуција, свест за брендот и производот, што отстранувањето на „i“ во името, нема ни малку да наштети на неговата популарност и продажба“.