Ден-ноќ е најблагодарното растение кое може да го имате во својата градина: Како правилно се одгледува омилениот цвет на нашите баби

Кармин

23/05/2024

16:18

10.935

Големина на фонт

а а а

Ден-ноќ или полска љубичица е името на еден од најубавите градинарски украси кои секој дом треба да ги има.

Многумина одвај ја чекаат пролетта за да ги опремат своите тераси и градини и да уживаат во сопствените цветни оази.

Она што малкумина го знаат е тоа што дури и во текот на зимскиот период можно е да уживаат во разновидните бои на еден посебен украс којшто цвета во текот на цела година.

Станува збор за посебниот вид љубичица – ден-ноќ.


Нејзините живописни цветови можат да се појават во најразлични комбинации на сина, виолетова, розова, црвена, жолта и бела боја.

Станува збор за растение кое се сади во мали саксии и најдобро цвета во текот на есента и зимата, за разлика од другите растенија од семејството љубичица.

Како правилно се сади?

- Овој цвет најдобро успева на плодни земјишта, изложени на сонце или делумно под сенка.

- Најдобро време за садење на овие шарени убавици е крајот на пролетта/почеток на лето или крај на лето/почеток на есен и тоа на добро дренирано земјиште.

- Есенското садење се покажало подобро од пролетното, тогаш растението развива посилен корен и дава повеќе цветови.

- Се сади на растојание од 20-25 сантиметри.

- Веднаш по садењето, потребно е добро да ја наводните земјата при што се избегнува допир со вода на лисјата.


Негување

1. Она што цветовите на оваа љубичица ги одржува во добра состојба е редовното наводнување (особено во сушните периоди), хранење со течно ѓубриво и отстранување на сувите гранки и цветови.

2. Кога станува збор за прехранување, треба да користите ѓубриво богато со калциум и фосфор.

3. Пожелно е да ги отстранувате штетниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk