Холивудскиот актер како 'самохран' татко: „Со четири деца едноставно преживуваш, никој не умре … што е навистина добро“

Кармин

21/05/2024

17:43

6.286

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс открил како цел ден се грижел сам за своите четири деца кои ги има од бракот со колешката Блејк Лајвли и како тоа изгледало.

„Па знаете, самохран татко. Сè направив сам. Сите ги однесов во парк. Им кажав дека мајка им ги напуштила кога биле многу мали. Со четири деца едноставно преживуваш“, се пошегувал актерот во својот препознатлив стил.

Инаку, Рејнолдс и Лајвли се во брак 11 години, а познати се по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи. Нивната љубовна приказна започнала сосема неочекувано, но сега е една од најтрајните во Холивуд.


Имено, Рајан Рејнолдс бил потполно уништен по разводот со Скарлет Јохансон во 2011 година. Актерот тогаш дури и признал дека не сака повторно да се жени. Меѓутоа, неговиот живот се променил откако ја запознал Блејк Лајвли, која го излекувала неговото скршено срце и му дала причина повторно да верува во љубовта.

Во 2010 година, Рејнолдс ја запознал Лајвли на сетот на филмот „Green Lantern“, каде што глумеле љубовници. Во тоа време, Блејк се забавувала со нејзиниот колега од серијата „Gossip Girl“, Пен Бедгли, па таа и Рајан развиле само добро пријателство. Размислувајќи за почетокот на нивната врска, Рејнолдс зборувал: „Ние сме пријатели долго време, што мислам дека е најдобриот начин да се оствари добра врска со некого, да започне како пријателство.


Една година откако се запознале, врската на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли почнала да се развива во романтична. Во тоа време, Лајвли ја прекинала врската со Пен Бедгли. И покрај тоа што Рејнолдс претходно изјавил дека бракот не е нешто кое би го направил повторно, тој не можел да одолее да не се вљуби во Блејк, а нивната врска брзо станала сериозна.


Првите искри меѓу Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се јавиле за време на двојниот состанок на кој биле, иако во тоа време биле придружувани од други луѓе.


Рејнолдс тоа искуство го опишал како „најнепријатниот состанок за дотичните странки“, бидејќи нивната силна хемија и привлечност биле повеќе од очигледни. По таа средба, двајцата почнале да излегуваат и на крај, се венчале во септември 2012 година. Денес се горди родители на четири деца и надалеку се сметаат за едни од најценетите и најследените холивудски парови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk