Мерилин Монро секое утро за појадок го имала овој пијалак од 2 состојки: Иако на многумина им се „гадел“, таа тврдела дека од него е полна со енергија

Кармин

09/05/2024

10:32

4.218

Големина на фонт

а а а

Иако позната по својот изглед и актерски способности, можеби не сте знаеле дека Мерилин Монро уживала во готвењето. Но, поради бројните обврски немала време да подготвува сложени оброци, па преживувала со брзи и лесни оброци со висока содржина на протеини, кои и ја обезбедувале потребната енергија.

Па така, секое утро таа појадувала топло млеко со сирови јајца. Во една статија за нејзините навики во исхраната и режимот на вежбање, објавена во списанието Pageant во 1952 година, Монро открила дека секое утро пред да се истушира, го загревала млекото на рингла што ја чувала во својата соба.


„Кога млекото е жешко, „кршам“ две сирови јајца, ги матам во млекото со виљушка и го пијам додека се облекувам“, зборувала таа.

На појадокот би додала и мултивитаминска таблета.

„Се сомневам дека некој лекар би можел да препорача похранлив појадок за зафатена девојка како мене“, нагласи таа.

Монро никогаш не спомна што имала за ручек, па се претпоставува дека тоа е оброк што го прескокнувала. Но, за вечера се „честела“ со месо, од кое најмногу сакала стекови, јагнешки котлети и џигер.

„Го печам месото во електрична печка и го јадам со неколку сирови моркови“, објаснила таа.

Дали сировите јајца се безбедни за јадење?


Многумина се загрижени дека ако јадат сирови јајца, ќе се заразат со бактеријата салмонела, но мешавина од сирови јајца и протеински шејкови со години ја консумираат бодибилдерите. Зошто? Тие веруваат дека на тој начин ги зајакнуваат мускулите. Несомнено постои ризик од изложување на салмонела, меѓутоа, според податоците собрани во 1990-тите, само едно од 20.000 јајца го содржи тој ризик, пишува „Slate“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk