Беше и со мажи и со жени, а од синовите крие кој им е татко: Сега на истото место ги довела и сопругата и „вечната љубовница“

Точка

22/04/2024

12:43

3.108

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Џоди Фостер, која во последните месеци ужива во фантастичните критики по новата сезона на хит серијата „True Detective“ и која зад себе има голем број подеднакво успешни остварувања, конечно доби своја ѕвезда на Булеварот на славните.

На свечената церемонија таа се појави во друштво на својата сопруга Александра Хедисон, а интересно е што почесниот говор го одржа никој друг туку нејзината „пријателка“, односно жената со која со години ја поврзуваа, Џејми Ли Кертис.

Приказната за нивната врска беше главна тема во 90-те години, но ниту Џоди ниту Џејми никогаш не сакаа да ја откријат вистинската природа на нивниот однос. Се шпекулираше и дека Кертис ѝ била љубовница на Фостер додека се забавувала со други партнери, но погодувате - ни тоа никогаш не беше потврдено.

Сепак, врската со Кертис не беше единствената за која се зборуваше сите овие години. Фостер, која е една од најталентираните актерки во Холивуд и која е позната по филмовите „Panic Room“, „Taxi Driver“, „The Silence of the Lambs“ и многу други, исто така ги полнеше страниците на таблоидите со својот љубовен живот.

Таа со години наназад е во среќен брак со фотографката Александра Хедисон. Тие ги имаат синовите Чарлс и Кит, кои Џоди ги доби додека беше во врска со нејзината долгогодишна партнерка Сидни Бернард. Иако јавно не го открила идентитетот на биолошкиот татко на нејзините деца, таа одлучила дека ќе им го каже тоа кога ќе пораснат.

Нејзината љубовна историја вклучува некои од најголемите имиња во Холивуд.


Така, Џоди беше во врска со актерката Џилијан Андерсон, тапанарката Џина Шок, продуцентката Тина Ландау, но и убавата актерка Настасја Кински.


Беше и во врска со Џенифер Билс и Кели Мекгилис, но освен со жени, низ годините се забавуваше и со мажи. Така, Фостер се забавуваше со Роб Лоу, Расел Кроу и Џулијан Сендс.


А потоа во нејзиниот живот влезе фотографката Александра и останатото е историја. Тие се запознале во 2013 година преку пријател од индустријата и впловиле во врска, а една година подоцна се венчаа на приватна церемонија и „љубоморно“ го чуваат својот брак од очите на јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг