„Доколку го знаев ова, никогаш не би се согласила на развод...“: Приватните писма на принцезата Дајана ја откриваат болната вистина

Точка

29/04/2024

13:53

10.853

Големина на фонт

а а а

Покојната принцеза Дајана имала само 36 години кога на 31 август 1997 година го изгубила животот во трагична автомобилска несреќа во Париз.

Многумина не знаат дека таа, додека била жива, напишала многу писма во кои открила дека не би се согласила на развод од принцот Чарлс доколку знаела низ што мора да поминува.

Серијата нејзини писма во кои отворено пишувала за своето жалење поради разводот и ниските удари од кралското семејство биле понудени на продажба на почеток на 2023 година.


На продажбата биле понудени 32 писма и разгледници кои покојната принцеза од 1995 до 1996 година им ги испраќала на пријателите Суси и Тарек Касем.

Тие одлучиле да ги продадат писмата тврдејќи дека е „огромна одговорност“ да поседувате нешто такво и дека не сакаат да им ги остават на своите деца. Некои од нејзините интимни и доверливи писма сепак ги задржале додека пак останатите биле продадени, а парите донирани во хуманитарни цели.

„Многу ми е тешко и огромен притисок доаѓа од сите страни. Понекогаш ми е тешко да ја држам главата исправено, а денес сум на колена и само сакам тој развод да заврши што поскоро затоа што можната цена е ужасна“, напишала Дајана во едно од писмата откако поради големата напнатост го откажала одењето на опера.


Колку ѝ било тешко сведочи и фактот што нејзиниот убав и уреден ракопис на крајот од писмото станува искривен. Во мај 1996 година таа на својата пријателка ѝ се доверила дека смета дека телефоните во Кенсингтонската палата се озвучени.

„Поради тоа што немам мобилен телефон, тешко ми е за приватните работи да говорам по телефон затоа што моите разговори се снимаат. Пред една година да знаев низ какво искуство ќе поминувам со овој развод, никогаш не би се согласила на тоа. Очаен е и грозен“, напишала принцезата.

На интернет страницата на аукциската куќа преку која биле продадени писмата, наведено било:


„Суси и Тарек Касем биле блиски пријатели на Дајана, принцезата од Велс, ги чувале овие писма над 25 години. Во нив се огледува посебниот и нежен однос којшто го имале. Сопственоста на овие документи е одговорност која Касемови не сакаат да ја пренесат на своите деца и внуци. Поради тоа одлучиле да ги продадат и заработката да ја подарат во хуманитарни цели.

Во текот на нивното пријателство со принцезата Дајана тие имале близок контакт. Нејзината присутност го надминува времето“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг