Раде Шербеџија за сопругата Ленка Удовички, која е 20 години помлада: Многу се расправаме за разни ситници

Точка

29/04/2024

08:54

10.187

Големина на фонт

а а а

Раде Шербеџија во ново интервју, меѓу другото, зборуваше и за неговата сопруга Ленка Удовички, која е 20 години помлада. Тие се венчаа кога тој имаше 43, а таа 23.

"Ленка ми беше најголем поддржувач. Ние двајца сме најдобрата комбинација, режисер и актер. Многу се разбираме. Имаме многу слични ставови и за уметноста и за животот. Многу се караме за разни ситници, таа ми забранува одредени работи во животот за да ме разгали и да се грижи за мене. Кога работиме заедно, се караме за многу ситници и на луѓето тоа им е смешно. Сепак, и ситниците се важни па тие расправии често се конструктивни“, рече тој.


Тој и Ленка имаат три ќерки - Милица, Нина и Вања. Со првата сопруга Иванка Церовац ја доби ќерката Луција и синот Данило кои исто така се актери.

"Мојот Данило припаѓа на типот на луѓе кои сите ги сакаат. Тој е добра душа. Тој знае многу. Кога сакаше да студира филм, беше многу млад. Му реков да учи што било друго. Академиите тогаш беа сиромашни, немаше доволно пари во таа професија затоа што филмот е скапа уметност. Заврши филозофија и старогрчки, а потоа ми рече: „Завршив, сега сакам да бидам филмски режисер“. Го испратив во Америка да студира во Охајо кај Рајко Грлиќ“, рече тој.


Тој додаде дека Данило знае многу, но дека припаѓа на луѓе кои не се фалат со своето знаење.

„Немам причина да се надмудрувам. Јас сум добар дедо и татко. Семејството е многу важно во мојот живот“, изјави тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг