Се огласи Бакингемската палата по веста дека состојбата на кралот Чарлс се влошила

Точка

27/04/2024

09:12

11.207

Големина на фонт

а а а

По веста дека состојбата на кралот Чарлс се влошила и дека забрзано се работи на плановите за неговиот погреб, Бакингемската палата се огласи и наведе дека кралот се враќа на јавните должности.

Кралот Чарлс ќе се врати на јавните должности следната недела откако неговото лекување од рак имало позитивен ефект.

75-годишниот монарх добива амбулантна нега и беше виден само во неколку наврати откако се појави информацијата за неговата здравствена состојба во февруари, кога се повлече од ангажманите кои вклучуваа јавно делување.


Изворите наведуваат дека кралот сè уште боледува од рак и ќе продолжи да се лекува додека се придржува до својот летен распоред.

„Програмата за лекување на Неговото височество ќе продолжи, но лекарите се доволно задоволни од досегашниот напредок што кралот сега ќе може да продолжи со низата јавни должности. Претстојните ангажмани ќе бидат приспособени таму каде што е потребно за да се минимизираат сите ризици за продолжување на закрепнувањето“, вели портпаролот на Бакингемската палата.

Оваа најнова објава ќе биде поттик за монархијата, на која ѝ беше зададен двоен удар оваа година кога и на кралот и на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, им беше дијагностициран рак.


За потсетување, британските медиуми вчера објавија дека здравствената состојба на кралот Чарлс прогресивно се влошува, што ги натерало претставниците на Бакингемската палата редовно да го ажурираат планот за неговиот претстоен погреб - подготовки кои започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг