[ВИДЕО] Обојте ги јајцата во нежни пастелни бои: Полесно е отколку што мислите, а ефектот ќе ве воодушеви

Кармин

17/04/2024

15:00

4.093

Големина на фонт

а а а

Сакате секоја година за Велигден да имате различно обоени јајца или се трудите да пробате нешто ново за годинава истите да бидат поубави? Можеби годинава е вистинско време да ги обоите јајцата во прекрасни пастелни нијанси.

Како јајцата да бидат во прекрасна пастелна боја? Неопходно е да користите јајца со бела лушпа или сами да ги избелите на следниот начин:

1. Добро измијте ги јајцата.

2. Користете малку подлабоко тенџере, ставете доволно вода за да ги покриете јајцата, па додадете чаша оцет на еден литар вода.

3. Сварете ги јајцата.

4. Кога ќе бидат сварени, почекајте малку да се изладат, а потоа измијте ги со млака вода.

За да добиете пастелни нијанси на боја може да ја користите која боја сакате. Препорака е да користите прехранбени бои, односно бои за колачи, а не бои за јајца затоа што резултатите ќе бидат баш онакви какви што сакате.

Начин на обојување:

Подгответе онолку чаши колку што сакате да имате бои, односно нијанси. Во секоја чаша ставете 200 милилитри вода, 1 лажица оцет и 1 лажица боја за колачи.

Кога ќе се соединат состојките во секоја чаша ставете по едно јајце и оставете да отстои околу 2 минути (повремено проверувајте дали јајцето ја достигнало посакуваната нијанса). Кога ќе го извадите јајцето од чашата оставете го да се исуши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk