„Ја имав најдобрата мајка на светот: Тогаш, во нејзината чанта помеѓу лековите пронајдов жилет, сламка и најголемиот од сите ужаси – така започна нашиот семеен пекол“

Кармин

16/04/2024

15:33

20.734

Големина на фонт

а а а

„Животот на мојата мајка беше сè, само не обичен. Ме родила со само 16 години и станала мајка. Со мојот татко се разделиле кога сум имала 2 години и така станала самохрана мајка.“

„А потоа, на 19-годишна возраст, мајка ми дознала дека има Кронова болест, поради која патела од силни болки, замор и депресија. За жал, не постои лек за Кроновата болест. Нејзиниот живот беше толку тежок што имаше неколку операции, но на крајот сепак мораше да се помири со трајна илеостома, хируршки создаден отвор во тенкото црево, илеум“, се присетува Тифани Периш (35) од Тексас.


„Потоа, во 1995 година, мајка ми се омажи за човекот кој стана мој очув. Нивниот брак беше сè само не убав. Беа вербално агресивни еден кон друг и постојано се караа за најбезначајните ситници. За сето тоа време, мама се бореше со својата хронична болест, поради која имала критично ниска самодоверба. Имаше огромен вишок килограми од кој никако не можеше да се ослободи. Поради сето тоа беше во тешка депресија и по девет години брак се разведе.

Today has literally been the worst day of my life. I don't know to come out and say it other than my mom died this...

Posted by Tiffanee Parrish on Wednesday 13 September 2017

Дури тогаш за првпат ја доживеа слободата, со оглед на тоа што била мајка од нејзината 16-та година. Дури кога пораснав таа почна да се дружи и да излегува. Отпрвин тоа беше еднаш неделно, а потоа сè почесто. Почна и да се „топи“. Ослабе околу 50 килограми за помалку од една година. За сè ја обвинуваше својата болест, а всушност се случуваше нешто многу пострашно.

Еден ден, додека бевме во продавница, најдов кокаин во нејзината чанта. Го скрила во кутија со лекови, заедно со жилет и сламка. Кога ѝ кажав што видов, таа негираше сè и ги обвини сите други за тоа што ѝ се наоѓаше во чантата. Во тоа време бев во основно училиште и им кажав на баба ми и на тетка ми што се случува. Сите бевме загрижени, ја немаше по цели ноќи, не се јавуваше на телефон, а сега и ова. Никогаш не пропушташе ниту една од моите родителски средби ниту натпревари, редовно волонтирала во засолништата за бездомници и бескрајно несебична.


По многу разговори, расправии и убедување, мајка ми конечно призна дека користи кокаин. Ни кажа дека со него се обидувала да ја ублажи хроничната болка. Како што минуваше времето, стануваше целосна зависничка. Таа се осврна на метамфетамин бидејќи стандардните лекови против болки не ѝ помагаа.

Борбата беше тешка и лута. Мајка ми во рок од 10 години 13 пати се обиде да се самоубие. Кога за првпат се обиде, сфативме во колкава неволја е, поголема отколку што можевме да замислиме. Ја испративме на клиника на рехабилитација, но бевме сиромашни, па не можевме да си дозволиме да ја заврши програмата до крај. Бевме очајни да ѝ помогнеме и таа очајнички бараше помош, но парите беа проблем, што дополнително нè убиваше/ Таа се враќаше на дрогата и секој пат беше само полошо.


Наскоро почна да краде од нас. Накитот на баба ми, својот … продаде сè. Стана параноична мислеше дека сите сме свртени против неа. Мислеше дека луѓето ја следат.

Конечно, поширокото семејство се вклучи и сите собравме пари за да ја испратиме во установа за рехабилитација на Мисисипи на половина година. И самата сакаше да го заврши курсот за советување, со цел да може да им помогне и на сличните на неа.

Меѓутоа, две недели откако се врати дома, се врати и на дрогата, кражбите и лагите. И во тој период, додека се боревме наместо затворска казна да отслужи куќен притвор – се омажи за својот дилер. Таа имаше 47, тој околу 70 години. Постар и од нејзините родители. Таа се надеваше дека како семејна жена ќе избегне казна. Сепак, ја испратија во затвор на 18 месеци.


Пред да замине на отслужување на затворската казна, живееше со новиот сопруг кој ја малтретираше и тепаше. Но, исто така, ѝ даваше и дрога. Затоа и се омажи за него.

Одлежа 18 месеци, се врати дома и два часа по затворот повторно зела дрога. Ни рече да не доаѓаме по неа, бидејќи ќе ја собере нејзиниот нов сопруг и веднаш знаевме за што станува збор. Бевме разочарани од неа.


Ноќта пред да се самоубие, полицијата била кај неа и сопругот поради семејно насилство. Откако си заминале, ја повика мојата тетка, целата исплашена, велејќи ѝ дека сопругот се обидува повторно да ја стави во затвор. Се заклучила во тоалетот и го повикала семејството барајќи помош.


Утрото, ја пронашле мртва на подот во тоалетот на нејзиниот сопруг. Во организмот имала метамфетамин и смртоносна доза апчиња за спиење. Бев збунета, повредена и лута. Мислев дека е себична. Денес знам подобро.

Луѓето кои си го одземаат животот не се себични. Тие водат битки кои ние не ги гледаме. Мајка ми се самоуби затоа што не можеше повеќе да се бори. Кој знае од кога знаела дека битката е изгубена, а ние тоа не можевме да го видиме. Таа не направи грев. Библијата никаде не вели дека тоа е грев. Единствениот грев што можете да го направите е да не им помогнете на оние на кои можете.


Запомнете, дури и кога мислите дека сте сами – не сте. Пружете рака, побарајте помош и ќе ја добиете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk