Вистинско време е за пролетно чистење на организмот: Потребни ви се само 5 состојки

Кармин

13/04/2024

10:40

14.290

Големина на фонт

а а а

Конечно излеговме од зимата и периодот на тешка и мрсна храна треба да биде зад нас. Доколку не сте склони да грешите кога е исхрана во прашање, дефинитивно добро ќе ви дојде детоксикацијата, односно чистењето на организмот.

Детоксикацијата е процес на отстранување на штетните материи кои се акумулираат во телото со текот на времето. Со отстранување и елиминирање на токсините од телото, со здрави хранливи материи, детоксикацијата може да ви помогне да се одбраните од болестите и да ја обновите способноста на вашето тело да одржува оптимално здравје.


Затоа, ви подготвивме рецепт за пијалак за детоксикација кој е вкусен, а не ви одзема многу време за да го направите,

Состојки

2 лимони;

1 краставица;

Ѓумбир;

Свежо нане;

Два литра вода.

Подготовка


Измијте ги лимонот и краставицата, исечете ги на кришки и ставете ги во стаклен бокал.

Ѓумбирот излупете го и исечкајте го ситно, потоа нането и на крај додајте вода.

Оставете го бокалот да отстои во фрижидер најмалку 4 часа, а најдобро е да го оставите преку ноќ.

Пијте умерено во текот на денот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk