Нутриционистка советува – зеленчук кој е поздрав доколку го јадете свеж отколку обработен, идеален за оние кои имаат борба со килограмите

Кармин

29/03/2024

18:00

5.405

Големина на фонт

а а а

Јадењето на одреден зеленчук свеж има подобро дејство врз здравјето отколку кога е термички обработен – варен, печен, пржен, вели нутриционистката Ешли Тош.

Таа открила кој зеленчук може да го јадете свеж. Истакнува дека токму тој може да го подобри имунитетот и да ви овозможи чувство на ситост.

Свежиот зеленчук содржи висок процент на растителни влакна и многу вода, што за возврат дава ситост. Исто така грицкањето свеж зеленчук може да има корист доколку сакате да изгубите килограми.


„Одреден свеж зеленчук може да е многу подобар од термички обработениот затоа што варењето или пржењето ги намалува неговите корисни материи. На пример лукот. Тој содржи алицин којшто е користен за имуниот систем. Кога го вариме ние го менуваме неговото дејство“, објаснила нутриционистката.

Листа на свеж зеленчук којшто го препорачува нутриционистката:

Пиперки

Пиперките се богати со витамин Ц и тој во поголема мера ќе стигне во вашиот организам доколку ги јадете свежи.

Брокули

Брокулите содржат многу растителни влакна и витамин Ц. Потрудете се добро да ги измиете и може да си ги грицкате со некој сос.

Лук

Лукот многу е поздрав доколку го јадете свеж, на тој начин на организмот ќе му дадете повеќе алицин којшто го содржи лукот, а којшто е поволен за јакнење на имунитетот. Лукот може да го исечкате на ситно и да го додадете во некоја салата.


Кромид

Јадењето свеж кромид помага во намалувањето на холестеролот и нивото на шеќер во крвта. Секогаш може да го додадете во салата или сендвич.

Батат

Бататот или попознат како сладок компир може да го јадете свеж, за разлика од обичниот компир којшто никако не се препорачува да го јадете необработен. Бататот содржи витамини Ц и А, растителни влакна, калиум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk