Нејзината последна желба пред смртта денес буди тага: Трагичната приказна на младата актерка која загина на истото место како и Тоше Проески

Кармин

29/03/2024

14:25

13.631

Големина на фонт

а а а

Убавината, успехот и младоста на Долорес Ламбаша ги прекина нејзината трагична смрт на 32-годишна возраст.

Долорес Ламбаша беше позната хрватска телевизиска, театарска и филмска актерка. Таа е родена во Шибеник на 29-ти февруари 1981 година, а на патот кон големата кариера плановите ѝ беа прекинати на најлош начин.

Долорес во моментот на својата голема популарност, кога имаше само 32 години, трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, на „проколнатата“ делница каде животот го загуби и Тоше Проески.


„Мајка ми имала 20, а татко ми 22 години кога ме добиле. Живеевме во стан од 60 квадрати што татко ми го доби од баба ми, просечно, скромно, но весело. Моите родители се разделија кога имав 13 или 14 години. Мислам дека мајка ми страдаше поради нереалноста, но и поради несериозноста и порочноста на татко ми. Нејзе ѝ требаше цврст и сериозен маж, каков што, всушност, според мене ѝ треба на секоја жена“, раскажала таа во една прилика.

Кобната несреќа на Долорес Ламбаша

Долорес и нејзиниот колега Стојан Матавуљ во последен момент се одлучиле за ноќно возење, иако првично требало да преноќат во Илок. По забавата со пријателите, Долорес и Стојан тргнале кон Загреб.

На 23-ти октомври 2013 година во 6:45 часот наутро нивниот автомобил управуван од Матавуљ се судрил со друго возило. Од силината на ударот двете возила излетале од патот, а младата актерка, иако била врзана со појас, излетала низ прозорецот.


„Не го препознав и само му кажав дека сум добро, а тој ми одговори дека неговата сопатничка е тешко повредена. Потоа видов дека некој лежи на патот, тој се врати до неа и клекна, ја викаше... Страшна ситуација. Во меѓувреме, некои возила застанаа, а многу брзо дојде и Итната помош“, ја раскажал морничавата сцена возачот на автомобилот со кој се судриле Стојан и Долорес.

Долорес била оперирана, но поради тежината на повредите лекарите не биле оптимисти. Само неколку часа подоцна, таа ја загуби битката.

Последната желба на Долорес била симболична

Во последното, необјавено интервју кое го дала за хрватските медиуми, актерката изјавила дека единствена желба ѝ е да биде жива и здрава.


„За 30 години би сакала да сум жива и здрава. Би сакала да продолжам со глума, да пловам и да ловам риби. Мене не ми треба многу. Мене можат да ме повредат само разочарувања. Знам колку сум подготвена да направам за луѓето кои успеваат да влезат во првиот круг на моето срце, таа љубов е безусловна. Но, кога го очекувам истото од тие луѓе, речиси секогаш се разочарувам. Во животот најдобро е да очекувате одредени работи само од себе и самите на себе да си го докажувате сопствениот раст“, изјавила тогаш Долорес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk