Има 57 години и изгледа како божица: Една од најубавите актерки ги следи овие 8 правила и никогаш не се изгладнува – „Мрзеливците“ ќе бидат благодарни

Кармин

28/03/2024

15:19

4.033

Големина на фонт

а а а

Актерката Селма Хајек (57) на својот „Instagram“ споделила фотографија на која ужива на плажа, а многумина во коментари ја пофалиле нејзината завидна фигура. Но, што всушност прави Селма како би останала во топ форма?

Додека некои „скокаат“ од кревет и одат во теретана во шест часот наутро, Селма Хајек има порелаксиран пристап кон тренинзите, па и во исхраната. За да остане во форма, таа се придржува до овие 8 навики кои не бараат многу труд.


Внимава на своето држење

Поради нејзиниот напорен распоред, кој понекогаш вклучува и долги работни денови од по 20 часа, Селма за „People“ изјавила дека ретко има време за вежбање во теретана.

Наместо тоа, научила „пасивно“ да го тренира своето тело.

„Една жена од Лондон ми покажа како можам да го држам телото на начин моите мускули да се активни цел ден. Дури и кога мијам заби моите мускули работат. Опуштете ги и фокусирајте се на деловите кои треба да се користат. Доколку сте свесни за своето тело, ќе бидете изненадени од ефектот кој можете да го имате“, раскажала таа.


Ресторативната јога е релаксирачка практика базирана на забавување и успорување на телото преку пасивно истегнување. За време на тој тип на јога, можеби воопшто нема да се движите, туку правите само неколку пози. Ова ќе ви ги опушти телото и умот, само треба да внимавате на дишењето и да бидете свесни за чувствата и мислите кои може да се појават, пишува „VeryWellFit“.

Покрај тоа што е нежна за телото и поттикнува длабока релаксација, ресторативната јога може да го подобри спиењето, расположението, физичкото и менталното здравје и може да ви помогне во намалување на мускулно-скелетната болка.

Вклучува танц во своите вежби

Кога вежба, Селма сака да ги направи своите тренинзи попријатни, па сака и да танцува заедно со одредени вежби.

Така, на пример, додека оди по лента за трчање, весело ги ниша колковите во ритамот на музиката.


Секојдневни прошетки со нејзините кучиња

Шетањето со кучињата е нејзината омилена вежба. Таа еднаш на „Instagram“, покрај фотографијата од нејзините миленици напишала: „Ова е мојата верзија на вежбање, а ова се моите тренери“.


Секогаш кога е во можност сака да се одмора

Понекогаш, кога не знае дали да вежба или да плива во океанот, Селма претпочита да се опушти со омилениот пијалак на плажа, пишува „Women’s Health“.


Важно ѝ е да ужива во вежбањето

Кога вежба, се труди тоа да бидат тренинзи во кои ќе ужива. Сара Шерс, поранешната инструкторка на Селма, за „Shape“ изјавила дека актерката претпочита кардио и интервални тренинзи со висок интензитет со малку вежби за сила.


Сака да плива и да поминува време надвор

Иако Селма тоа никаде го нема експлицитно истакнато, од нејзините објави на „Instagram“ може да се заклучи дека сака да плива. Пливањето инаку е одлично за кардиоваскуларното здравје и е тренинг за целото тело.


Тоа е исто така одлична опција за секој кој има повреди за кои е потребно движење со помал интензитет, наведува „Women’s Health“.

Јаде храна во која ужива

„Не сакам диети и не сум добра во тоа“, зборувала Селма. Наместо да се ограничува, таа јаде избалансирана исхрана со многу хранливи материи, но одвреме-навреме се препушта на не толку здравите намирници, како што е сладоледот и за тоа вели дека ѝ ја храни душата.

Исто така, сака да пие свежо цедени сокови.


„Кога сум под стрес, се осврнувам кон храната како утеха. Откако ќе го исчистам организмот со сокови, мотивирана сум да се хранам поздраво, а не емоционално. Чистењето е како моја медитација. Ме тера да застанам, да се фокусирам и да размислам за она што го внесувам во моето тело. Се обврзувам на моето здравје и се „ресетирам“, изјавила таа своевремено.

Диетата со сокови може да биде корисна кога е потребно да се прочисти организмот, да се направи мала пауза во варењето на сложените состојки на храната и брзо да изгубите неколку килограми вишок. Сепак, тие диети предизвикуваат физичка исцрпеност, нутритивни дефицити и сериозни здравствени проблеми во подолг период.

Користи масажа за закрепнување

Кога станува збор за зајакнување на мускулите, масажата е вистинска за Селма. Таа смета дека е многу важно да се пронајде добар масер.


Иако нејзината масерка живее во Јапонија, таа одвреме-навреме го посетува Лондон, па тогаш Селма оди на масажа.

„Таа е моето тајно оружје. Масажата обезбедува кислород, ја активира циркулацијата, ги одржува мускулите здрави и цврсти. Масажата прави чуда за лимфниот систем и лицето“, зборувала Селма во интервју за „Inquisitr“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk