Ева Мендес проговорила за премолчениот договор кој го има со со сопругот Рајан Гослинг: „Тој ќе оди на работа, а јас…“

Кармин

27/03/2024

20:32

8.118

Големина на фонт

а а а

Во еден од нејзините ретки медиумски настапи, за време на гостувањето во емисијата „Тудеј“, холивудската актерка Ева Мендес зборуваше за врската со Рајан Гослинг, за воспитувањето на нејзините ќерки и за искуството кога заедно снимале филм.

Ева ја паузирала својата повеќедецениска актерска кариера и се фокусираше на воспитувањето на нивните ќерки Есмералда (9) и Амада (7). Имено, тие имале заеднички договор дека Ева ќе се откаже од кариерата за да остане дома и да се грижи за нивните ќерки.


„Никогаш не сум доживеала нешто слично. Начинот на кој работи, неговата посветеност на занаетот, како сака да прави сè што е можно подобро – а тоа значи да ги направи своите колеги најдобри што можат. За жал – или за среќа – има само еден Рајан, па после тоа речиси престанав да глумам“, рекла таа во емисијата „Тудеј“.

Парот ја држи својата врска подалеку од центарот на вниманието со тоа што наоѓаат суптилни начини да ја покажат својата поддршка еден за друг.


„Тоа беше речиси премолчен договор, нешто како ‘Во ред, тој ќе оди на работа, а јас ќе одам на работа, но ќе работам од дома’. Многу сум среќна што можам да го поминам ова време со моите деца. А јас сè уште работам, едноставно не глумам затоа што глумата ве вади од домот“, додала таа.


Таа објасни и дека нејзината кариера сè уште постои, но ништо не снимила откако станала мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативна директорка на бренд за шминка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk