[ВИДЕО] Мајка објаснува зошто мисли дека првото дете најдобро е да го родите во 30-тите: „Дефинитивно, ништо не би сменила“

Кармин

27/03/2024

14:53

3.028

Големина на фонт

а а а

Младата мајка Кристи, на ТикТок споделила видео во кое објаснува зошто мисли дека првото дете најдобро е да го имате во 30-тите години.

Оваа мајка првото дете го добила на 33 години и рекла дека тоа за неа било „10 од 10“.

Кристи е свесна дека многу од жените не се одлучуваат за бременост во 30-тите поради потенцијални компликации, потешка можност да забременат, подолго закрепнување и слично. Но, според нејзиното искуство да се има првото дете на 33 години била најдобрата одлука поради повеќе причини.

Во видеото таа објаснува дека во 20-тите не била емоционално, ментално и финансиски подготвена да биде мајка.

„Бев себична 15 години, така што немав FOMO (fear of missing out), односно страв од пропуштање“.

Кристи во тие 15 години патувала, излегувала и самата себе си била приоритет. А, сега тоа е нејзината ќерка и времето кое го поминува со неа.

„Не гледам сечии Инстаграм приказни за патувања, вечери, викенд излети. Не помислувам: Би сакала да го правам тоа. Веќе сето тоа сум го правела и тоа повеќе пати“, изјавила Кристи во видеото. Таа додала и дека е благодарна за тоа време и дека сега е подготвена мирно да живее и да ужива во малите работи.


Видеото на платформата било погледнато речиси милион пати, а многумина издвоиле време и да коментираат.

„Првпат станав мајка на 37 години, дефинитивно ништо не би сменила“, „Сто отсто се согласувам. Првото дете го родив на 33 години и не можам да замислам да го направев тоа во 20-тите. Мило ми е што го имав своето себично време пред децата“, „Првото дете го родив на 34 години. Патував низ светот, докторирав и исполнив многу работи кои ги сакав пред да имам деца“, биле само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk