5 намирници кои може да се јадат секогаш и во секоја прилика, а да не размислувате за вишокот килограми – дури и пред спиење

Кармин

25/03/2024

17:45

11.852

Големина на фонт

а а а

Овие пет намирници спаѓаат во оние кои се исклучително здрави, а што е најважно нискокалорични се.

Кога ќе почувствуваме глад во доцните вечерни часови, тогаш го јадеме она што прво ќе ни дојде при рака. Но, доколку внимавате на килограмите, тогаш овие пет намирници се вистинскиот избор за вас.

1. Свежо сирење

Едни сакаат, кравјо, други козјо, а ни со останатите варијанти на свежото сирење нема да погрешите. Може да го јадете во таков облик или од него да си направите намаз којшто ќе го премачкате на крекери од цело зрно. Свежото сирење е богато со протеини и аминокиселини кои го поттикнуваат губењето килограми.


2. Мисиркино месо

Мисиркиното месо со салата или сендвич со мисиркино месо и интегрален леб, сигурно ќе го запре вашиот глад. Мисиркиното месо е прекрасен избор за оброк пред спиење затоа што не содржи многу калории и масти, а ги задоволува сите потреби за протеини и месо.

3. Грчки јогурт

За многумина тој е повкусен од стандардниот јогурт, а покрај тоа содржи и многу помалку калории. Богат е со пробиотици кои ги смируваат цревата, го подобруваат дигестивниот систем и така го олеснуваат слабеењето. Во него може да додадете овошје по избор, а одличен избор се боровинките затоа што се полни со антиоксиданти. Доколку немирниот дигестивен систем ви прави проблеми во текот на спиењето, грчкиот јогурт ќе го смири.


4. Овесна каша

Омилениот појадок може да се консумира и за вечера. Овесната каша е најдобриот избор и најздрава алтернатива од разните снегулки кои се полни со вештачки шеќери. Благодарение на големиот број нутриенти кои ги содржи таа сигурно ќе ви ја смири гладта, нема тешко да ви падне на желудникот и лесно се вари.

5. Зелен зеленчук

Поголем дел од зелениот зеленчук содржи исклучително малку калории, но и богатство на протеини, па затоа брзо создава чувство на ситост. Поради тоа нема да погрешите доколку пред спиење изедете некој зелен зеленчук по избор. Тоа можат да бидат разни салати или брокула, карфиол. Може да си направите и смути од кељ, блитва или спанаќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk