[ВИДЕО] Град кој е најблиску до вселената: Тука луѓето живеат до 35-та година, нема основни услови за живот, но еве зошто го населуваат ова место

Точка

25/03/2024

13:00

8.289

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа животот во градот кој е најблиску до вселената? Секојдневието на жителите на Ла Ринконада е незамисливо!

Ла Ринконада е град кој е најблиску до вселената. Се наоѓа на перуанските Анди на 5100 метри надморска височина, а има 50 отсто помалку кислород, поради што го нарекуваат и „најпеколното место на светот“.

Во видеото кое е прегледано повеќе од 50 милиони пати, Јутјуберот и режисер на документарци Рухи Ченет покажа како изгледа животот во градот над облаците и - тој не е воопшто лесен (барем за странците).

Зошто животот е толку краток на ова место?

Имено, на оваа екстремна висина атмосферата е значително поретка, поради што очекуваниот животен век е 35 години. Локалното население живее со само 50 проценти од нормалното ниво на кислород. Сепак, нивните тела еволуирале така што произведуваат двојно повеќе крвни зрнца од другите.

„Во оваа пустелија, ниту едно дрво не може да преживее поради нискиот притисок. Овој град на перуанските Анди е дури 300 метри повисок од Мон Блан, највисокиот врв на европските Алпи. Далеку од современиот свет, тоа е место каде што криминалот и опасноста се секогаш во близина“, објаснил Ченет.

Нема основни услови за живот

Тој посочил дека веднаш добил вртоглавици штом излегол од таксито, а кога се разбудил утрото се чувствувал многу уморно. Од сувиот воздух го болело грлото и усните му испукале, а иако било лето, патиштата биле заледени и смрдливи и имало ѓубре низ целиот град.


Таму луѓето живеат во „метални бараки“ без струја, што е многу загрижувачко кога температурата во зима ќе падне до -10 степени. Рухи исто така забележал дека повеќето луѓе користат јавни купатила и тушеви бидејќи немаат вода во нивните домови. Меѓутоа, постои добра причина зошто некои се согласуваат да живеат во толку тешки услови.

Зошто луѓето сè уште сакаат да живеат овде?

„Луѓето доаѓаат во оваа сурова земја само поради една причина - златото. Околу 50.000 луѓе се населиле овде, меѓу купиштата ѓубре, сонувајќи за богатство“, објаснил тој.

Инаку, Ла Ринконада се наоѓа во близина на рудник за злато, а меѓу 2001 и 2009 година, кога цената на златото се зголемила за 235 отсто, населението се зголемило за 30.000 жители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг