Ако користите некоја од овие 4 фрази, вие сте емотивно поинтелигентни од повеќето

Точка

22/03/2024

13:06

6.222

Големина на фонт

а а а

Во февруари 2024 година, прашањето „што е емоционална интелигенција“ било пребарувано три пати повеќе од пред десет години, според податоците на „Google Trends“. Тој пораст е доказ дека добар дел од попилацијата ја препозна важноста на високата емоционална интелигенција.

Емоционалната интелигенција е способност да управувате со сопствените чувства и со чувствата на оние околу вас. Оние со повисока емоционална интелигенција имаат тенденција да бидат подобри во градењето односи на и надвор од работното место и се истакнуваат во спречување или смирување на конфликтни ситуации.


Еден начин да откриете дали имате висока емоционална интелигенција или не е да размислите за последните неколку разговори што сте ги имале.

„Верувам дека сè што ќе кажете што покажува емпатија и слушање сигнализира повисока емоционална интелигенција“, вели Мет Абрахамс, предавач на Универзитетот Стенфорд и експерт за комуникации.

Според Абрахамс, секој со повисока емоционална интелигенција ги прави следните две работи.


Парафразирање

Сумирањето на она што го кажува другата личност покажува дека ја слушате и правилно ја карактеризирате неговата порака или приказна. Некои фрази што можете да ги користите се: „Она што те слушам како го кажуваш е...“ и „Само да појаснам...“. Потоа парафразирај го она што го кажал твојот соговорник.

„Ова покажува дека ја потврдувате другата личност, а со тоа градите симпатии и доверба“, забележува Абрахамс.

Поставување прашања

Луѓето со висока емоционална интелигенција активно слушаат. Покажете дека сте вклучени во дискусијата поставувајќи прашања како: „Како се чувствуваш поради тоа?“ или „Што те натера да го направиш тоа?“.

„Вистинскиот говор на телото може да ви помогне и да покажете емпатија. Контактот со очите и климањето со главата може да покаже дека сте фокусирани на разговорот“, заклучува експертот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг