Роден е во богатство, а поради југословенската кујна е витален и здрав: Мајка му го негувала со крем од кавијар, додека името кое го носи е претенциозно до максимум

Кармин

21/03/2024

15:30

13.065

Големина на фонт

а а а

Синот на познатиот пар вчера (20.03) наполнил 18 години. Неодамна бил во центарот на вниманието на светската јавност, покажувајќи дека по висината може да им парира на највисоките кошаркари, но медиумското внимание никогаш не му недостигало, иако тоа воопшто не ѝ се допаѓа на неговата мајка.

Со оглед на тоа кои се неговите родители и целите на неговиот татко, јавното изложување било неизбежно. И покрај тоа, Меланија, па дури и Доналд Трамп успеале до одреден степен да го заштитат синот Барон Трамп, кој не се појавувал толку често за време на неговиот претседателски мандат.


Доналд Трамп ќе се бори за нов претседателски мандат во Америка на 5 ноември. Меланија Трамп го поддржала на прелиминарните избори пред два дена на Флорида. Прашањето е дали Барон ќе го гледаме почесто во текот на кампањата на неговиот татко?

Како што вели Меланија Трамп за своето учество во кампањата – ќе следиме.

Синот на Меланија и Доналд Трамп, Барон Трамп, пред да се пресели во Белата куќа живеел во пентхаусот Трамп Тауер на Петтата авенија во Њујорк.


Бидејќи Меланија ја одложувала преселбата во претседателската резиденција во Вашингтон – и тоа поради неговото образование, Барон извесно време останал на старата адреса само со мајка си додека неговиот татко ги извршувал своите први претседателски должности.

Откако татко му победил на претседателските избори, Барон почнал почесто да се појавува во јавноста, иако сè уште многу ретко. Причината секако биле неговите години, а пред сè (во склад со тоа) одлуката на неговата мајка да има „нормално детство“.


Синот на Трамп во јавноста се појавувал исклучиво во друштво на своите родители и се стекнало впечаток дека станувало збор за неизбежни прилики. За жал, јавноста умеела да биде многу груба кон него, што било навистина непримерно. Биле исмевани неговите реакции на инаугурацијата на неговиот татко во Вашингтон во 2017 година, иако некои, за среќа, во тоа виделе само гримаси на обичен тинејџер и ништо повеќе.

Во 2017 година, конзервативниот магазин „The Daily Caller“ го нападнал Барон поради носењето маица и шорцови додека се качувал на претседателскиот авион „Air Force One“. Во текстот со наслов: „Време е Барон Трамп да почне да се облекува како да е во Белата куќа“, било истакнато дека „младиот Барон изгледал како да оди во кино“. Лежерниот но пред сè детски стил на облекување бил мета на критики, иако било истакнато дека нема обврска да се облекува поинаку.


Меланија често го бранела од критики, тоа било случај и во 2022 година со коментарите на професорката од Универзитетот Стенфорд, Памела Карлан, која за време на сослушувањето во процесот на импичмент на Доналд Трамп рекла: „Претседателот може својот син да го именува Барон, но не може да го прогласи за барон“.

„Малолетното дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политиката. Памела Карлан, би требало да се засрамите од вашиот бес и очигледното пристрасно јавно улизување и користење на дете“, возвратила Меланија на „Twitter“.

Барон често го споредуваат со мајка му по физичкиот изглед, но и чувството за мода. Со текот на времето, тој почнал да добива комплименти за неговиот стил, а Меланија веројатно имала влијание на таа промена.


Барон Трамп многумина изненадил со својата кошаркарска висина кога во јануари се појавил на погребот на неговата баба Амалија Кнавс на Флорида. Висок е преку два метри.

На конвенцијата на Републиканската партија во Ајова, Трамп зборувал за висината на својот татко, припишувајќи ја на кујната на Амалија Кнавс, мајката на Меланија Трамп: „Тој порасна толку висок, ја јадеше само нејзината кујна. Реков дека ќе биде кошаркар, а тој ми порача: ’Тато, јас всушност го сакам фудбалот‘. Не можете да ги наговорите на сè! Баро беше посебно дете“.


Барон бил исклучително близок со својата баба, како што е близок и со целото семејство Кнавс. Амалија и Виктор Кнавс го учеле словенечки јазик додека растел. Се верува дека Барон е првиот син на американски претседател кој има двојно државјанство, пишува „Daily Mail“.

Како важни и интересни информации за него, го издвојуваат неговото образование во елитното училиште во Њујорк, каде школувањето се плаќа 45.000 долари годишно и „слаткиот“ податок дека мајка му го негувала со крем од кавијар од нејзината козметичка линија „Caviar Complexe C6“, која била повлечена од пазарот поради слаба продажба.


Доналд Трамп од бракот со Маркл Мејпс ја има ќерката Тифани (27), додека со поранешната сопруга Ивана ги има ќерката Иванка (39) и синовите Ерик (37) и Доналд Јуниор Трамп (43).



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk