Бред Пит ја доби Анџелина Џоли на суд, па порача дека нема да го уништат: „Ова е само почеток...“

Кармин

19/03/2024

10:00

4.065

Големина на фонт

а а а

Бред Пит на суд ја однесе правната победа после острата борба со поранешната сопруга Анџелина Џоли околу нивното француската винарија.

Бред Пит (60), сакал да ја пренасочи продажбата на делот во винаријата „Chateau Mirval“ на Анџелина Џоли на рускиот милијардер Јуриј Шефлер.

Американски „The Sun“ открива дека Пит победил на францускиот суд минатата седмица, благодарение на документацијата која била запленета од страна на судските извршители.

Пресудата е трета во низата на правни неуспеси кои го погодиле Шефлер којшто Пит го окарактеризирал како „силеџија“.


Извор близок до Пит изјавил:

„Постои друг пат во оваа парница, но моментално сето тоа е игра во корист на Бред. Последните месеци тој три пати победил на суд во три различни јурисдикции: Луксембург, САД и сега во Франција. Од моментот кога почна оваа непријателска понуда за преземање, јасно на сите им стави до знаење дека нема да биде угнетуван. Ќе продолжи да го прави тоа што е исправно“.

Минатонеделната пресуда на францускиот суд била во врска со рацијата во винаријата во март 2022 година.

Судските службеници кои имале налози за претрес се обиделе да запленат документи од компанијата и ИТ материјали откако Шефлер пред судијата поднел тврдење за малверзација и злоупотреба на компанијата.

Францускиот закон им дозволува на претставниците да влезат во просториите на своите противници и да ги запленат доказите за сомнеж за измама.

Но, судот подоцна ја поништил таа одлука, што значело дека досието од договорот, фактурата и мејловите останале заклучени до жалбата на Шефлер.


Апелацискиот суд во Франција во четвртокот донел нова пресуда против жалбата на Шелфер и на неговата фирма ѝ го ускратил пристапот до документите.

Судијата Валери Жерар пресудил дека „Nouvel“ нема правен статус да ги бара запленетите документи кои ја контролираат француската компанија која ја основал Пит, а која поседува имот само како индиректен акционер.

На фирмата на Шефлер исто така ѝ е наложено да плати 20000 евра за судски трошоци, а се верува дека документите сега ќе бидат врачени во сефот на „Chateau Mirval“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk