Прекрасна е, а не бара премногу труд: Пустинската роза наликува на бонсаи, а се одржува многу едноставно

Кармин

18/03/2024

15:08

6.422

Големина на фонт

а а а

Пустинската роза е прекрасно растение чие одржување не бара многу труд.

Пустинската роза (adenium obesum) го добила името по прекрасните цветови налик на рози и е популарно растение кое може да се чува и во затворен простор, но и на отворено.

Пустинската роза е прекрасна кога се одгледува заедно со кактусите, без оглед на тоа каде се поставени.


Пустинската роза е многу популарна затоа што личи на бонсаи, има интересен облик на стебло и впечатливи цветови во боја.

Постојат шест видови на вистински пустински рози од кои adenium obesum е најпопуларна. Отпорна е на суша, со потекло е од Африка и пустината, добро се приспособува на сува или полусува клима.

Одржувањето на пустинските рози е едноставно, но бара и малку знаење.

Како се одржуваат пустинските рози?

Ова растение добро се приспособува речиси во секоја ситуација, сѐ додека имаат многу светлина, топлина и соодветен притисок. Сепак, ова растение не треба често да се пресадува.

Таму каде што климата е исклучително топла, пустинската роза убаво цвета и е плодна во текот на целата година. Меѓутоа, многу е чувствителна на ниски температури при кои може да ѝ паднат лисјата, а во крајна ситуација може да дојде до неповратно сушење на растението.


Исто така, потребна ѝ е многу голема природна светлина, но во топлите, летни денови треба да ја тргнете од директно изложување на сончевата светлина.

Ова растение не бара често наводнување, па тоа може да го правите на 3-4 дена во текот на летото и на 10-на дена во текот на зимата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk