[ФОТО] Салма Хајек со сопругот привлекла внимание на Ролан Гарос: Белите влакна и деколтето во прв план

Кармин

01/06/2026

17:47

672

Големина на фонт

а а а

Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино вчера присутвувале на „Френч опен“, каде што актерката привлекла внимание со црно модно издание и природно бела коса.

Хајек со сопругот беше меѓу познатите гости на осмиот ден од Ролан Гарос. Тие го следеле дуелот меѓу Холанѓанецот Јеспер де Јонг и Германецот Александер Зверев, кој победи во три сета со резултат 7-6, 6-4, 6-1.


За излегувањето на трибините, Пино избрал бела маица, сиви фармерки, црни мокасини и црна кожна јакна, додека Хајек носела црна маица со црвени детали и црн џемпер, црни кожни бермуди до колена и впечатлива црвена чанта.


Изгледот го надополнила со лесна шминка, очила за сонце и природно брановидна коса со видливи бели влакна.



Исто така актерката објавила фотографии од турнирот на Инстаграм, каде што напишала: „На Ролан Гарос со мојот сопруг. Беше толку возбудливо да се гледа како Алекс Зверев победува!“


Хајек и претходно повеќепати зборувала дека го прифаќа природниот изглед и дека престанала да ја бојадисува косата.


Истиот пристап го има и кога сака привремено да ги покрие белите влакна. На социјалните мрежи во 2024 година открила дека за тоа користи маскара, објаснувајќи дека така може да ги затемни непослушните бели влакна без редовно бојадисување на секои три недели.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk