Грчки колач со портокал толку сочен и вкусен што мора да го подготвите за време на претстојниот викенд.
- 4 јајца;
- 20 лажици шеќер;
- 2 ванилини шеќери;
- 20 лажици млеко или околу 180 милилитри;
- 14 лажици масло;
- 1 прашок за печиво;
- 20 лажици брашно;
- 2-3 портокали;
- 200 милилитри вода;
- 5-6 лажици џем од кајсии;
- 200 грама шеќeр;
- 125 грама пишкоти.
Глазура:
- 200 грама чоколадо;
- 150 милилитри слатка павлака.
Изматете четири белки без шеќер, а потоа во него додадете го ванилиниот шеќер и обичниот шеќер, па продолжете да матите.
Во изматените белки додадете ги жолчките, а потоа млекото и маслото.
Изматете сѐ, па додадете го прашокот за печиво и брашно. Измешајте сѐ, па печете на 180 степени Целзиусови околу 25 минути. Кога колачот ќе се испече поделете го на два дела.
4-те портокали изрендајте ги. Додадете шеќер, џем од кајсии и вода и сѐ помешајте, па ставете ја смесата на рингла да се стопи шеќерот и да се соедини сѐ убаво.
Еден дел од колачот здробете го во поголема чинија, па додадете му ги здробените пишкоти и сето тоа прелијте го со филот од портокал.
Добиениот фил прелијте го над колачот, а кога ќе се стегне над него ставете топено чоколадо.
На здравје!