Ја скратила косата, 4 години се преправала дека е маж за да работи на градилиште и го продала својот бубрег – сè за да го прехрани семејството

Кармин

20/02/2024

20:26

20.034

Големина на фонт

а а а

Бахеја Сулејман е Египќанка која 4 години се преправала дека е маж и работела бројни физички тешки работи, па дури и го продала својот бубрег само поради една причина - за да го прехрани своето сиромашно семејство.

Сулејман се најде во центарот на вниманието на јавноста откако гостувала во египетската емисија „90 минути“, чиј водител бил Моатаз Ел-Демердаш.

Во разговор со водителот, Бахеја објаснила дека таа ја презела „жртвата“ за семејството и тоа на сосема поинаков начин.


Нејзиниот сопруг е инвалид и не е во можност да работи и да го издржува семејството, поради што 32-годишната мајка на три деца го тргнала хиџабот, ја скратила косата, облекла машка облека и започнала да се занимава со работи во кои претежно доминираат мажи.

Во последните 4 години таа живеела како Бакар, нејзиното машко алтер его.

„Прво почнав да работам во градежништво носејќи абаја и вел, а луѓето не ме сфаќаа сериозно“, објаснила таа.

Преправена во маж, Сулејман работела на градилиште во градот Бени Суеф. Работела и прекувремено и останувала по смената за да заработи дополнителни пари, пред полицијата да ја фати и да ѝ го одземе возилото, клучен извор на приходи - затоа што немала валидна дозвола, и да открие дека всушност не е маж, туку жена.

Сулејман не успеала да ги обезбеди парите кои требала да ги плати како казна за да го преземе своето возило.

„Кога гледам жени облечени во женска облека, ме боли“, одговорила кога водителот ја прашал дали ѝ недостасува животот како жена.

Но, тоа не е сè. Кога долговите започнале да се зголемуваат, Бахеја решила да го продаде нејзиниот бубрег за да избегне затвор.

„Откако го продадов бубрегот, бев многу уморна и едвај стоев на нозе“, се присетила таа.

Додека нејзиното семејство продолжило да се бори со долговите и едвај врзувало крај со крај, властите решиле да интервенираат.


Гувернерот на градот Бени Суеф најавил дека на Бахеја ќе и бидат овозможени „сите средства за пристоен живот“, ветувајќи дека службениците ќе го посетат семејството и ќе ги земат предвид нивните тешки околности. Тој ѝ помогнал, но таа објаснила дека позајмувањето на машки идентитет ѝ овозможило да извршува работи кои се сметаат за забранети за жените и избегнала сериозни закани за сексуално вознемирување упатени кон жените.

„Кога жената ќе ја напушти својата женственост, тоа е тешко“, рекла таа и додала: „Би направила сè за своето семејство. Тоа беше единствениот начин да се заработат пари. Што друго би можела да направам? Не знам да читам ниту да пишувам, моето семејство не ме прати на училиште, па тоа беше единствениот начин“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk