Уредете ја бањата според овие фенг шуи правила – поради што вратата секогаш треба да биде затворена?

Кармин

15/12/2023

14:51

3.198

Големина на фонт

а а а

Фенг шуи е древна азиска мудрост која се користи за оптимизација на протокот на енергија во вашиот дом.

Една од тие енергии е елементот вода којшто е пoврзан со богатството, мудроста и социјалните мрежи. Поради тоа бањата е областа на која треба да обрнете внимание кога станува збор за правилата на фенг шуи.

Денес современите бањи се простор за одмор, чистење и подмладување.

Сочувај ја водата

Промисленото чување на водата која ја користите во бањата создава добра енергија. Вашата свесност и внимание во користењето на овој драгоцен ресурс ќе се вовлече во другите области од вашиот живот, вклучувајќи ги и начините на кои другите се однесуваат кон вас.


Затворете го капакот од ВЦ-школката

За да го ублажите губењето на било какви ресурси, според фенг шуи, капакот од ВЦ-школката кога истата не се користи, треба да биде спуштен. Како бонус, ова е едноставна навика која ја намалува влажноста во бањата.

Вратата од тоалетот секогаш треба да е затворена

Слично како и капакот за ВЦ-школката, вратата од тоалетот е уште еден начин на којшто енергијата може да патува во бањата и низ одводот. Генерално, според фенг шуи вратата секогаш треба да биде затворена.

Огледало на вратата од бањата

Во поголем дел од случаите, доколку може да го поставите огледалото на надворешната страна од вратата на бањата, тоа ќе ги подобри фенг шуи правилата.


Растенија

Главниот проблем со бањите е водата која тече. Поради тоа што сите сакаат растенија, живите зелени домашни растенија се едни од најпопуларните начини да се подобри фенг шуи во секоја бања. Растенијата ја трансформираат опаѓачката енергија на водата во витална животна енергија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk