Американската богата наследничка Парис Хилтон го прославила Денот на благодарноста со своите најблиски и го искористи овој специјален ден за да открие дека таа и нејзиниот сопруг Картер Реум станале родители на второ дете.
„Благодарна на моето мало девојче“, напиша Парис покрај фотографијата од бебешката облека.
Таа го сподели и името што ѝ го дала - Лондон. Парис и Картер го добија своето прво дете, синот Феникс, во јануари оваа година преку сурогат мајка. Претходно Хилтон изјави дека сака да има девојче и дека таа одамна се одлучила за името.
„Девојчето ќе се вика Лондон Мерилин Хилтон Реум. Мерилин е по мојата баба и Лондон затоа што ми е омилен град, мислам дека Париз и Лондон ќе звучат слатко заедно“, рече таа во емисијата на Елен Деџенерис.
За потсетување, парот се венчаше во ноември 2021 година, а меѓу присутните на венчавката биле и бројни познати личности како Ким Кардашијан, Пола Абдул, Кајл Ричардс и други. Парис и Картер биле пријатели 15 години пред да почнат да се забавуваат во 2019 година, а се верија само 3 месеци подоцна.