[ФОТО] 20 идеи како домот во текот на празниците да го украсите со евкалиптус

Кармин

20/11/2023

13:50

2.352

Големина на фонт

а а а

Евкалиптусот е зимзелено дрво познато по високите гранки, симетричните лисја и освежувачки мирис, тој е еден од омилените украси за домот.

Една од предностите на евкалиптусот е таа што за него едноставно е да се грижите. Кога ќе заврши во вазна, важно е само редовно да му ја менувате водата и да му ги поткаструвате гранките. На тој начин може да трае и до три седмици, а по три седмици може да го извадите од водата и да го оставите да се исуши на воздух по што ќе трае засекогаш.


Поради долготрајноста и фактот што за него лесно може да се грижите, евкалиптусот е идеална опција за украсување на домот, особено популарен станува за време на новогодишните празници.

Многумина токму евкалиптусот го користат при уредување на домот за божиќните и новогодишните празници. Опциите се разни, а секој изглед еднакво е прекрасен.

Евкалиптусот може да го ставите во вазна, да го обликувате во венец, со него да ја украсите празничната трпеза. Може да ви послужи и како украс при пакување подароци.


Може да го комбинирате и со други растенија, а на неговите гранчиња може да обесите божиќни украси и да го направите уште попосебен.

Доколку сакате да имате евкалиптус дома, во нашата галерија ќе најдете идеи како да го искористите.

Погледнете ги фотографиите:

















Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk