Иако потекнува од семејството на едни од најпознатите Срби, убавата Дуња не се експонира често во јавноста.
Еден од најпознатите српски режисери, Емир Кустурица, успеал во текот на животот да изгради успешна кариера, а за него се чини, кога работата е во прашање, не постојат граници.
Сепак, без оглед на фактот што е многу успешен и вреден, Емир успеал да создаде семејство во кое ја наоѓа силата и енергијата за сѐ што се наоѓа пред него. Тој повеќе децении е во брак со Маја Кустурица која во јавноста речиси никогаш не се појавува.
Тие сакале да ја зачуваат нивната приватност, а многумина со нетрпение очекувале да видат која е жената која успеала толку долго да издржи во љубовта со овој врвен уметник.
Не е тајна дека Емир од бракот со Маја добил две деца, синот Стибор и ќерката Дуња. Стибор е музичар и актер, а Дуња дипломирала драматургија, а една година студирала историја на уметност на Сорбона во Париз.
Потоа станала селектор на Кустендорф филмскиот и музички фестивал. Едно од нејзините интересирања е и деколонизација на културата.
„Гледајќи ја насоката во која се движи нашата уметност, забележав дека тука опасно се приближува губењето на идентитетот. А се чини дека тоа се случува и во културата, сакале или не, тоа се одразува на секојдневниот начин на живот. Затоа неопходно е да се создаде простор во кој може да се зборува за почитувањето и негувањето на сопствената култура, без влегување во полемики за национализмот и шовинизмот“, истакнала Дуња во една прилика.
Ќерката на Емир била во центар на внимание во јавноста поради врската со принцот Александар III Караѓорѓевиќ. Имено, со него првпат била забележана во романтична прегратка во Дрвенград.
Поради фотографијата со Караѓорѓе добила прекар „српската Кејт Мидлтон“ и многумина веќе ја прогласиле за идна српска кралица.
Тогашниот партнер го следела речиси на сите настани, но нималку не ѝ годело појавувањето во медиумите.
„Мене тоа ми пречи, јас мислам дека приватниот живот се нарекува приватен затоа што не треба да се пишува за него. Не сум профил на жена која сака да се експонира кога таквите работи се во прашање“, изјавила своевремено.
Сепак романсата била прекината, откако во јавноста се појавиле фотографии на кои Александар III и неговиот брат лудуваат, допираат гради од други жени, симулираат секс и позираат со оружје.