[ФОТО] Некогашната прва дама како од мајка родена на приватен имот: Сите се сомневале дека папарацо фотографите ги повикал токму тој...

Кармин

03/11/2023

11:28

14.240

Големина на фонт

а а а

Џеки Кенеди била вдовица во која се заљубил богатиот Аристотел Оназис којшто има само една цел, да ја заведе најдобрата жена од сите.

Ден после погребот на Кенеди тој се појавил пред вратата на првата дама.

„Оставил впечаток на вистински човек со добар дух. Ѝ носел подароци и неуморно ѝ се додворувал. Далеку од тоа дека бил привлечен или пријатен, но Џеки не се венчала за него само поради пари. Тој бил секогаш расположен и имал неверојатна животна сила“, изјавила за книгата Ајлин Мил, пријателка на Џеки Кенеди.


Набрзо потоа Џеки паднала под влијание на богатиот човек и одлучила да се венча за него во 1968 година. Така Џеки Кенеди станала Џеки Оназис. Сепак, богатиот Грк како да ја исполнил својата цел и повеќе сопругата не му била интересна.

Одлучил да се врати на својата поранешна љубов, Марија Калас. Но, не се остава жена туку-така. Му било интересно покрај себе да има и сопруга и љубовница.

Оназис јавно се фалел со тоа и истакнал дека е неверојатно богат и дека може да го прави тоа затоа што „му се може“. Аристотел заедно со Марија Калас, својата сопруга ја нарекол „лажна лејди“, а во лице знаел да ѝ каже дека е само обична вдовица.


Џеки во тоа време често му испраќала писма на својот пријател Розвел. Едно писмо стигнало во рацете на Аристотел. Прочитал дека таа мисли за него дека е одвратен, валкан старец. Тоа не му пречело туку фактот што Џеки можеби имала афера со Розвел додека тој неколку денови пред тоа потрошил околу 500.000 долари на 200 пара нејзини чевли.

Тогаш почнала одмаздата

Тој лично дал точно време и локација на островот Скорпиос на кој Џеки шетала гола. Кога се појавиле нејзините фотографии во јавноста, Џеки му се јавила на Аристотел и плачела и го молела да им се јави на медиумите и адвокатите да ја решат ситуацијата.


Тој отишол кај адвокат, но не за да ја реши ситуацијата туку да се разведе од Џеки. Од тој брак Џеки излегла со четири милиони долари, а нему му останале милијардите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk