„Четирите најдобри вежби кои ми го намалија стомакот по бременоста“: 10 минути дневно за неверојатни резултати

Кармин

13/10/2023

15:45

5.650

Големина на фонт

а а а

Една млада мајка брзо привлече внимание со своите видеа на социјалните мрежи, кога почна да споделува совети и вежби за сите мајки кои не знаат како да се вратат во форма по породувањето.

Она што ја издвојува во морето од фитнес тренери на ТикТок е тоа што таа самата се „борела“ со опуштениот стомак по породувањето. Таа гордо ги покажува резултатите од нејзините тренинзи и ги споделува своите тајни со повеќе од 800.000 следбеници на својот профил.


„Ова се четирите најдобри вежби кои ми ја вратија формата на стомак по бременоста“ - навела таа во описот на видеото.

Прва вежба – Застанете во положба „клупа“, со колената и дланките на рамна површина. Земете три длабоки вдишувања, вовлекувајќи го стомакот. Повторете го ова 12 пати со пауза помеѓу сериите.

Втора вежба - Седнете право. Подигнете се од земјата со рацете и целосно испружете ги нозете, за да се потпрете на петиците. Обидете се да го држите грбот, сè до петите, во една права линија. Држете така една минута. Од ден на ден, зголемувајте го времето на вежбата за 15-30 секунди.

Трета вежба - Легнете на грб и свиткајте ги колената. Ставете перница помеѓу нозете. Силно притиснете ја перницата со колената па опуштете ги. Направете ја оваа вежба 12 пати во три сета.

Четврта вежба - Застанете во иста положба како и за првата. Проверете дали грбот е исправен. Подигнете ги колената од земја, потпирајќи се на прстите.

Многу вежбачи се воодушевени од овие совети, бидејќи вежбите не изгледаат премногу напорни, но се ефикасни. Позитивните коментари се насобираат и сè повеќе луѓе стануваат верни обожаватели на оваа фит мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk