Славните супермодели од 90-тите, во последнава недела се главна тема во медиумите, поради документарецот на „Netflix“ во којшто првпат проговорија за добрите и лошите страни на модната индустрија, но и почетоците на нивната кариера.
Ова исто така го вратило фокусот на другите познати модели кои владееја по модните писти во минатото, а сега се на насловната странa на „Vanity Fair“.
Синди, Кристи, Клаудија, Наоми, се само некои од имињата кои ги красеа насловните страници, но едно лице долго не можело да се види, а јасно е и зошто се повлекло од толкаво внимание.
Станува збор за прекрасната Карла Бруни која заблескала како никогаш претходно, па дефинитивно ја потврдила изреката – еднаш супермодел, секогаш супермодел.
Откако со години не можевме да ја видиме на насловните страници на магазините, особено пoради тоа што за неа главно се пишуваше поради претерувањето со филерите и ботоксот, убаво е да се види повторно Карла, онаква каква што била, но и подобро отколку што изгледала претходно.
Да ве потсетиме, Карла во текот на 2008 година во текот на бракот со францускиот политичар и поранешен француски претседател Николас Саркози, ја добила ќерката Џулија. Нивната врска привлекла огромно внимание поради тоа што многумина сметале дека Бруни е недостојна да биде прва дама на Франција, но таа не се огласувала на критиките и сето тоа успеала да го преживее.
Некои ги исмевале поради тоа што Карла била повисока од Саркози девет сантиметри, а други тврделе дека таа со него е само поради пари, а тој дека ѝ плаќа естетски корекции. Тие не се разделиле ниту кога Николас бил осуден на три години затвор поради корупција.
Инаку, Карла од седумгодишната врска со радискиот водител Рафаел Ентовен го има синот Аурели, а интересно е тоа што таа го љубела и неговиот татко, новинарот Жан Пол Ентовен. Своевремено се пишувало дека го љубела и Доналд Трамп во текот на 90-тите години.
Карла открила и детали од своето минато, па во интервју за „Vanity Fair“ во 2008 година раскажала дека мајка ѝ ја добила од вонбрачна врска.
Во 1996 година кога имала 29 години, дознала дека татко ѝ всушност не ѝ е вистинскиот татко. Алберто, којшто бил во брак со нејзината мајка од 1959 година до својата смрт, ѝ ја открил вистината на својата ќерка на смртна постела. Тој ѝ кажал дека таа е плод на љубовта на нејзината мајка и Бразилецот Марицио Ремерто. Марицио тогаш имал само 19 години и свирел гитара, а Мариса, нејзината мајка, 36. Се запознале додека заедно свиреле во квинтет и нивната романса траела шест години.