Една од најдобрите руски манекенки некогаш, Наталија Водијанова, вчера присуствувала на ревијата на „Диор“ во рамките на модната недела во Париз, што е и повеќе од очекуван потег, со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг Антоан Арно е потпретседател на модна куќа „Кристијан Диор“.
Инаку, семејството Арно е второто најбогато семејство на светот, па јасно ви е колку овој маж е богат, моќен и влијателен. Сопружниците на ревијата пристигнале во елегантни модни изданија.
Додека Антоан изгледал модерно, но не премногу формално во одлично скроено светло тегет одело и бела кошула, Наталија блескала во долг, бел фустан и елече во етно-винтиџ стил.
Таа модното издание го надополнила со ефектни детали во вид на сребрен ремен околу струкот, скапоцен накит и интересна чанта. Нејзиното прекрасно лице и нетипична убавина сепак сѐ друго ставиле во втор план.
Инаку, животната приказна на оваа 31-годишна жена често се нарекува модерна бајка, со оглед на тоа што пораснала во тешка беда и сиромаштија, опкружена со болести, за во тинејџерските години нејзиниот живот од корен да се смени.
Детството го поминала работејќи на пазар, а таму ја забележал моден агент којшто ја внел во светот на модата и така ѝ овозможил лесен живот за кој тогаш можела само да сонува. Наталија така на само 17 години се нашла во Париз, а веќе на 20 години на банкарската сметка имала 20 милиони долари.
Титулата една од најплатените манекенки на светот ја внела во светот на богатите и аристократите меѓу кои го запознала својот прв сопруг Џастин Портман со којшто има и три деца. Нивниот брак траел девет години, а Џастин во едно подоцнежно интервју открил дека по раскинувањето морал да бара стручна помош поради нервниот слом кој го доживеал.
Наталија смело продолжила понатаму со животот, а набрзо по разводот повторно ја нашла љубовната среќа. Таа во 2011 година се заљубила во милијардерот Антоан Арно за кој се венчала во 2020 година, а парот има и двајца синови.
Без оглед на фактот што оваа Русинка живее во луксуз, медиумите тврдат дека останала со двете нозе на земја и дека е скромна и ненаметлива.
„Наталија и јас се сместивме под греалка на тераса на едно париско кафуле. Пиеме млако капучино и зборуваме за сѐ, за невозможно богатите сопруги, тешкото детство во Русија, насилството во училиштата, а најмногу за здравјето на жените за што и таа се залага во компанија“, пишува Фрајер.