Јелена Ѓоковиќ открила зошто станала веганка: „Немав пари да јадам по ресторани...“

Кармин

22/09/2023

14:08

8.711

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се познати по тоа што веќе долги години практикуваат здрав начин на живот, а настојуваат и нивната исхрана да се базира на сирова растителна храна поради што во медиумите ги прозиваат дека се вегани.

Иако Новак Ѓоковиќ со години не сакал да зборува за тоа дали е веган, сепак открил дека повремено консумира млечни производи од животинско потекло, што би значело дека не јаде само месо е месни производи.

Но, она што е помалку познато е причината зошто Јелена одлучила да стане веганка.


Поради тоа што нејзиното минатогодишно гостување во емисијата „Штo сам теби и ко сам себи“ на телевизијата К1 повторно привлекло внимание во медиумите, медиумите ја пренесуваат и темата на која Јелена зборувала тогаш - веганството.

Таа на новинарот Иван Станковиќ му открила како таа одлука се случила во текот на нејзините студентски денови во Милано кога немала доволно пари да јаде по ресторани.

„Почнав да размислувам за тоа како да преживеам три години затоа што немав пари да јадам во не знам кои ресторани, а не ни живеев во дом во којшто имам кујна. Па, со веганството започнав од мака“, изјавила во емисијата таа.

Интересно е тоа што тоа не била единствената причина зошто таа се одлучила на овој начин на исхрана. Таа навела дека тоа било делумно од страв од болести.

„Мислам дека луѓето се посветуваат на здравиот начин на живот кога нешто ќе им се дијагностицира, а тоа е најлошиот начин за почеток и никому не би му советувала да прави нешто поради страв. Се обидувам тоа да не го правам од страв“, изјавила Јелена.


Исто така таа рекла дека 70 отсто од нејзината исхрана подразбира сирово овошје и зеленчук, а 30 отсто подразбира варена храна, како безглутенски тестенини, ориз и слично. Таа исто така открила дека исхраната на Новак и нејзината само малку се разликуваат.

„Јас бев голем месојад и многу го сакам месото сѐ уште, но не го јадам. Добро се чувствувам и мене тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот полна со енергија“, порачала Јелена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk