Има многу предности за организмот: Сѐ повеќе љубители на здравиот начин на живот кафето го заменуваат со овој популарен напиток

Кармин

21/09/2023

15:00

5.522

Големина на фонт

а а а

Matcha latte е неодолива комбинација на мача прав, посебен вид на зелен чај чии листови се мелат до фина конзистенција и во комбинација со растително млеко се добива вкусен кремаст напиток.

Мача правот е посебен вид на зелен чај во прав кој со векови се користи во јапонската култура и на Далечниот исток. Со текот на времето овој зелен прав бил препознаен на западот, а во последните неколку години го нашол своето место во различни здрави јадења, слатки, смутија...

Јапонската збор за мача значи „мелен чај“, а се произведува од лисја на растението tench кое се готви на пареа, се суши и се меле во прав.


Интересно е тоа што за да се добијат 30 грама мача чај треба да се потроши еден час време. Преполн е со нутриенти, го поттикнува метаболизмот и побрзо ги согорува мастите, но исто така и ги отстранува токсините.

Мача правот има и многу антиоксиданти, а со оглед на богатството на микронутриенти се истакнува како неизоставна намирница на здравата исхрана, а покрај тоа се користи и за зголемување на физичката издржливост и количината на енергија.

Освен кофеин, мача содржи и аминокиселини кои делуваат смирувачки, како што е Л-теанин за кој се смета дека ја поттикнува концентрацијата.

Заклучокот е дека мача чајот стимулира и дава енергија, но за разлика од кафето не ве прави нервозни.

Рецепт за едноставен мача лате:

- 1 лажица мача прав + 1 лажица топла вода;
- ¼ шолја топла вода;
- половина шолја кокосово млеко;
- една лажичка мед.


Подготовка:

Измешајте го мача правот со топлата вода така што да не останат грутки и убаво да се раствори во шолјата, па додадете го останатиот дел од водата и добро помешајте. Загрејте го млекото со медот, добро измешајте, па додадете ја течноста во шолјата.

Напитокот е подготвен, а по желба може да му додадете и цимет или коцка мраз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk