Од социјална помош и на работ од самоубиство до милионско богатство: Животната приказна на жената која светот ја обожава е инспирација за секого

Кармин

01/08/2023

16:49

8.926

Големина на фонт

а а а

Ј.К. Роулинг или Џоан Кејтлин Роулинг (родена на 31 јули 1965 година) е автор на популарната серија за волшебникот Хари Потер.

Денес, експертите советуваат дека секој треба да ги има прочитано книгите за Хари и многумина ја навеле Џоан како една од ретките жени кои ја сакаат речиси сите на овој свет. И децата и родителите и помлади и постари.

Сепак, нејзината животна приказна не започнала многу среќно, бидејќи на патот до славата минала низ многу перипетија. Но затоа, како и многу бајки – имала среќен крај.


Па да започнеме.

Лошите вести започнале да доаѓаат кога Џоан имала само 15 години. На нејзината мајка тогаш ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза. Таа починала една деценија подоцна, во 1991 година, она што Роулинг го нарекла дека е нејзиниот најтрауматичен ден во нејзиниот живот.

„Татко ми се јави во 7 часот следното утро и знаев што се случило уште пред било што да изусти. Додека трчав надолу, го имав оној вид паника, бел шум во мојата глава … Но не можев ни да замислам колку смртта на мајка ми ќе има влијание врз мене. Речиси и да не поминува ден, а да не помислам на неа. Би имала толку многу нешта да и раскажам, неверојатно многу“, изјавила таа за „Телеграф“ во интервју во 2006 година.

Подоцна во животот, еден од нејзините филантропски проекти било основањето на клиниката за регенеративна неврологија „Anne Rowling“ на Универзитетот во Единбург со донација од дури 16 милиони долари.


Во раните 90-ти, Џоан работела како секретарка во компанијата „Amnesty International“, а потоа во еден момент одлучила да се пресели во градот Порто во Португалија.

Таму им предавала англиски на студенти, а во воедно го запознала и се омажила за португалскиот телевизиски новинар, Хорхе Арантес. Тие имале дете, ќерка, Џесика. Името ѝ го дале по Џесика Митфорд, една од нејзините омилени авторки. Но, набрзо по раѓањето на нивната ќерка, Џоан и Хорхе се разделиле, а во меѓувреме се случил уште еден важен момент за Роулинг.

Имено, почнала да пишува книга за момче кое дознало дека е волшебник и било испратено во училиште за волшебници. Кога се вратила во Британија на крајот од 1993 година, имала „полни куфери со хартии на кои биле напишани приказни за Хари Потер“.


Меѓутоа, таа немала работа. Тогаш посетувала различни кафулиња во Единбург и во нив на машина за пишување го напишала својот прв роман. Често ја носела и малата Џесика со себе, која спиела во количка покрај неа.

Во тој период Роулинг била без пари и живеела од социјална помош. „Немаше да можам да ја напишам оваа книга да не беа тие неколку години во кои навистина бев сиромашна. Малку недостигаше да станам и бездомник. Живееме од социјална помош“, се потсетила писателката.

Тоа било многу тежок период за неа, во интервју за „Сандеј Тајмс“ во 2008 година, Роулинг изјавила дека во тоа време била во тешка депресија и затоа побарала стручна помош. „Кога зборувам за тој период, мислам на самоубиствени мисли, не зборувам за „се чувствувам малку мизерно“. Условите за живот во средината на 90-тите беа многу лоши и навистина паднав психички во секоја смисла“, признала Џоан.

Роулинг и во други животни периоди посетувала терапија за третирање на депресијата, а како изјавила за „Гардијан“, дури и во периодите кога станала многу позната и богата.


„Неколку години чувствував дека сум на психичка лента за трчање, обидувајќи се да бидам во чекор со своето место. Морав да го направам тоа повторно и кога мојот живот се промени изненадно – терапијата навистина помогна. Многу ми помогна“, зборувала писателката.

Џоан конечно ја завршила својата прва книга за Хари Потер, но кога ја испратила до издавачите – категорично била одбиена. За среќа, таа не се откажала и по една година склучила договор за печатење на 500 примероци од „Хари Потер и Каменот на мудроста“ со „Блумсбери“, релативно нова издавачка куќа – која ѝ обезбедила аванс од 2.500 фунти.


Издавачот предвидел дека момчињата можеби нема да сакаат да читаат книги напишани од жена, па затоа предложил да одбере псевдоним со два иницијали. „Ј“ значи Џоан, нејзиното вистинско име. Бидејќи немала средно име, го одбрала „К“ за Кејтлин, името на нејзината баба по татко.

Една година подоцна, во 1998 година, „Warner bros“ ги откупиле правата да снимат филм по првите две сезони

Останатото е историја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk