Многу модни критичари ги прогласија „crocs“ папучите за најгрдите папучи на светот, а сега овој модел на обувки се претвори во чизми кои го освојуваат светот на познатите личности.
Нив ги носат многу звучни имиња од светот на шоу-бизнисот како Парис Хилтон, Викторија Бекам, Малума... Гигантските чизми во кои изгледате како лик од стрип, ќе се најдат на пазарот на 9-ти август. Нивната цена изнесува 450 долари, и како и секој тренд, особено современиот тренд во модата, брзо заживува без оглед на тоа за каков моден новитет станува збор.
Брендот „MSCHF“ од Бруклин е познат по виралните креации, а овојпат креирал „crocs“ чизми. Како што велат тие, помешале два дизајни и направиле нешто препознатливо. Заштитно лице на овие необични обувки е Парис Хилтон, која на социјалните мрежи сподели неколку објави на кои ги носи, и порача дека ова е нејзината верзија на Барби трендот.
„Бевме многу возбудени да соработуваме со Парис. Таа е икона, а спојувањето на нашите култни чевли и со „Crocs“ и со Парис беше толку неверојатно“, изјавил Данеил Гринберг, соосновач на „MSCHF“.