Сансеверија или „свекрвин јазик“ е едно навистина неверојатно собно растение кое многу лесно се одржува.
Причината што е чест избор кај луѓето и зошто ја сакаат во својот дом е тоа што е речиси неуништлива.
Меѓутоа, исто така пожелна поради своите прекрасни лисја кои се вклопуваат во речиси секое катче во домот, но и во традиционално и во модерно декорираните станови.
Припаѓа на семејството „Asparagaceae“, а по потекло е од тропските краеви на Западна Африка. Многу од луѓето веруваат дека името означува „песочна змија“ поради својствата на кактус и изгледот на змија.
Многу се толерантни на суша и можат да издржат со месеци без вода, но ќе патат доколку ги поставите да престојуваат во влажни услови.
Потребата за вода им варира, но правилото е да се полеваат не повеќе од еднаш во две недели. На многу топли температури полевањето треба да се зголеми на еднаш неделно.
Нивото на влага во вашиот дом е неважно за сите видови на сансеверии. Таа ќе поднесе сѐ, но директната светлина од сонцето им пречи, па сепак треба да ја поставите на место кое не е многу подложно на сонце.
Она што е важно да се истакне е тоа што ова растение процесот на фотосинтеза го врши во текот на ноќта наместо денот. Последиците од оваа необична појава се испуштање на кислород и апсорбирање на јаглерод диоксид во текот на ноќта, што го подобрува квалитетот на воздухот во домот, а со самото тоа го подобрува и сонот.
Во текот на жешките денови низ лисјата испушта влага во воздухот, што дава природен ефект на ладење.
Но, тука не е крајот на благодатите. Растението има можност да ги впива токсините од воздухот. Докажано е дека ова растение ги отстранува негативните хемиски соединенија кои ги емитуваат производи за чистење, боите...