Земјата ја доби првата „порака од вонземјани“: Научниците едногласни – „Помогнете ни да ја дешифрираме“!

Точка

26/05/2023

16:14

25.120

Големина на фонт

а а а

Добивањето порака од вонземската цивилизација би го преобликувало целото човештво. Проектот „Sign in Space“ е проба за тој настан.

Човештвото е чекор поблиску до комуникација со вонземјаните. Институтот „SETI“, непрофитна организација посветена на потрагата по живот во вселената, симулирала вонземски сигнал со тоа што вселенското летало кое орбитирало околу Марс, испратило порака во 3 часот по полноќ по американско источно време. Радиобрановите биле испратени низ вселената со брзина на светлината, а големите телескопи на Земјата биле забележани 16 минути подоцна.


Оваа вежба, прва од ваков вид, е дизајнирана да ги подготви научниците за настан кој „длабоко ќе го промени човештвото“ – контакт со вонземски „суштества“, пишале „Дејли Меил“.


Научниците од САД и Италија биле пресреќни кога на нивните компјутерски екрани се појавила пораката која ја примиле во делови. Сигналот можат да го фатат и бројни радио аматери ширум светот на фреквенција од 8,4 гигахерци.


Сепак, научниот тим не ги открил клучните информации – вклучувајќи го и типот на сигналот и што содржи тој. Оваа таинственост е неопходна бидејќи шифрираната трансмисија ќе биде споделена со јавноста, по што сите ќе учествуваат во неговото дешифрирање.


Даниела де Паулис, визионерката која стои зад проектот „A Sign in Space“ за време на преносот во живо изјавила: „Ова беше многу реално. Ова не беше првпат да примиме сигнал од орбитерот на Марс, но овој имаше вистинска порака“.

Сигналот бил примен на земјата од три големи телескопи: „Allen Telescope Array (ATA)“ во Калифорнија, опсерваторијата „Robert Bird и Grin Bank (GBO)“ во Западна Вирџинија и радио „Месечина“, астрономска станица во Северна Италија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг