Пред повеќе од 200 години, кога поморците од цел свет дошле во Хамбург, настанала кулинарската легенда – лепче за хамбургер.
Германските пекари осмислиле брза ужина, па во лепчето ставале месо и тој оброк и денес е познат како хамбургер.
Поради новонастанатата популарност јадењето станало познато ширум светот. Во продолжение на текстот прочитајте како сами да го направите оригиналното лепче за хамбургер од Хамбург, по рецепт на германските пекари.
Доживејте го автентичниот вкус и текстура на оригиналните лепчиња така што ќе ја почувствувате магијата на вкусот.
- 300 грама брашно;
- 1 лажичка сол;
- 15 грама свеж квасец;
- 1 лажичка шеќер;
- 50 милилитри млеко;
- 1 јајце;
- 50 грама путер;
- 100 милилитри вода.
За премачкување: 1 јајце, 1 лажичка кисела павлака, сусам.
Помешајте го топлото млеко и водата со квасецот и шеќерот. Оставете да се активира 5 минути, па додадете го брашното, јајцата и путерот на собна температура. Потоа замесете тесто, па додадете сол и продолжете да месите. Покријте го тестото со провидна фолија и оставете го на набрашнета површина, а пoтоа поделете го на осум делови и обликувајте топчиња.
Покријте ги со крпа и оставете да отстојат уште половина час. Секое топче распоредете го во плехот за печење. Изматете јајце со павлака и премачкајте ги лепчињата, па посипете ги со сусам.
Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 25 минути.