Некои хороскопски знаци живеат за планови, распореди и уредно средени животи, но има и такви кои едноставно не се грижат за таквите формалности.
За нив редот е преценет, а хаосот е сосема нормална состојба. Овие знаци сакаат да живеат во моментот, потпирајќи се на спонтаноста и импровизацијата. И додека нивните домови или распореди можеби не изгледаат совршено, нивниот опуштен пристап кон животот може да биде доста освежувачки.
Рибите се вистинските сонувачи на Зодијакот. Нивните глави се секогаш во облаците, а секојдневните обврски често едноставно ги пропуштаат. Рибите не сакаат да бидат ограничени со строги правила или распореди бидејќи тоа ја задушува нивната креативност и слободниот дух.
Ако ги прашате кој е нивниот план за тој ден, голема е шансата да кажат: „Ќе видам како ќе се чувствувам“. Нивниот хаос не е нужно неуреден, туку е одраз на нивниот спонтан и интуитивен пристап кон животот. Рибите веруваат дека на крајот сè ќе си дојде на свое место и најчесто се во право.
Близнаците го игнорираат редот не затоа што не можат го следат, туку затоа што едноставно им е досадно. Нивните умови постојано скокаат од една на друга тема, па организацијата често се губи во виорот на нови идеи и планови.
Тие се оние кои ќе започнат пет проекти, ќе заборават три, а два ќе завршат, но со насмевка на лицето.
Нивната енергија и флексибилност им овозможуваат да се снајдат дури и во најголемиот хаос, па самите се прашуваат: „Зошто да се мачам со редот кога нередот е дел од мојот шарм?“.
Стрелците се мајстори за спонтаност и слобода, ти не ги сакаат правилата и рутината бидејќи ги гледаат како пречка за нивниот авантуристички дух.
Тој претпочитаат да заминат на патување без претходно резервирано сместување отколку да запишуваат планови во календарот.
Нивното мото е: „Ќе се снајдеме!“. Нивната аверзија кон организацијата не е резултат на неодговорност, туку напротив длабока желба за слобода и приспособливост.