Пет најлоши јадења на светот: Оној којшто е во состојба да вкуси барем еден залак не е од оваа планета

Точка

14/01/2025

14:14

2.147

Големина на фонт

а а а

Ви претставуваме листа на петте најлошо оценети јадења во светот.

Веб-страницата за патувања и гастрономија „Тејстатлас“ направи анализа на најдобрите и најлошите јадења според корисничките оценки. Од вкупно 600.000 рецензии, тие ги издвоија 100-те најлошо рангирани јадења, а овие пет добија најниски оценки.

1. Крваво непце

Најлошо оценетото јадење во светот е бодпалт (blodpalt), со оценка 1,6. Ова јадење потекнува од северна Европа, поточно од Лапонија.

Финско-шведските кнедли се подготвуваат со 'ржано или јачменово брашно, во кое се додава животинска крв — некогаш од ирваси, а денес најчесто од свиња. Според „Панкуфер“, понекогаш бодпалт се полни со пржени печурки и сланина и се готви во месна супа. Најчесто се служи со џем од брусница како прилог.


2. Сендвич со сардини

На второто место се наоѓа шпанскиот сендвич „bocadillo de sardinas“, со оценка 1,9 од 5.

Овој сендвич обично се подготвува со долгнавест леб „barra de pan“ и сардини. Сардините може да бидат конзервирани во масло, саламура или сос од домати. Дополнителни состојки може да вклучуваат варени јајца, авокадо, маслинки, мајонез, сенф, јогурт или печурки.


3. Калскрове

Третото најлошо јадење е шведското „calskrove“. Ова е калцоне наполнето со хамбургер и помфрит — изум на ресторанот „Tre Kroner“ во Скелефтеа, наменет за оние кои не можат да одлучат помеѓу пица и хамбургер по долга ноќ помината во пиење.


4. Јагули во тепсија

„Angulas a la cazuela“ е традиционално јадење од Баскија, приготвувано со ретка состојка — млади јагули. Тие се динстаат во маслиново масло со лук, чили и сол, и се служат во глинена тава наречена казуела.


5. Желe јагули

На петтото место е англиското јадење „jellied eels“. Оваа супа од јагули датира од 18 век и била многу евтина, бидејќи јагулите биле лесно достапни во реката Темза. Парчињата јагула се варат со зачини, а потоа се ладат и служат. Денес, јадењето се подготвува со желатин и се зачинува со бел пипер и оцет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk