Работи кои не треба да ги чувате во вашиот дом – се верува дека привлекуваат сиромаштија и несреќа

Кармин

29/03/2023

15:05

5.323

Големина на фонт

а а а

Уредувањето на домот е клучно за целокупниот баланс на енергија. Важно е според фенг шуи во домот да имате работи кои привлекуваат благосостојба и среќа и да дозволите позитивната енергија да циркулира во вашиот дом.

Сепак, во многу од домовите има работи кои ја блокираат енергијата.

Неред и прашина

Доколку вашиот дом е полн со прашина и во него има непотребни работи, според ова верување привлекува финансиски проблеми. Нередот може да создаде финансиски блокади и да се оневозможи плаќање на долговите затоа што енергијата е заробена. Валканиот фрижидер според фенг шуи носи долгови кои нема да може да ги наплатите, валканата рерна може да значи дека имате проблем со финансиите.


Кактус

Кактусот веројатно е едно од најпопуларните растенија за куќни услови. Не бара посебна нега, а може убаво да се вклопи во домот. Меѓутоа, фенг шуи правилата велат дека ниту едно растение со трње не смее да биде во домот, а единствениот исклучот се ружите.

Суво цвеќе

Тука се мисли и на овенато цвеќе, но и на аранжман од суво цвеќе. Хинду науката за архитектурата вели дека не смее да имате суво цвеќе во домот.

Скршен часовник

Фенг шуи вели дека ништо во домот не смее да биде скршено, а тоа особено не смее да биде часовникот затоа што тие предвидуваат лоши настани во иднина.


Стар календар

Верувањето вели дека набљудувањето на старите години, датумите или денови ќе привлечат несреќа во вашиот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk